Македонски легенди

Трајко Прокопиев

Trajko

Trajko

Трајко Прокопиев (6. XI 1909 – 21. I 1979) е македонски композитор и диригент. Еден од петтемината основоположници на современиот музички живот во Р. Македонија. Создал богат опус на хорски, камерни, оркестарски, музичко-сценски (опери и балети) и други композиции.

Трајко Прокопиев е роден на 6 ноември 1909 година во Куманово. Се родил во семејство со пет деца и како мал ја засакал музиката. По преселувањето во Скопје во 1915 година, почнал да учи виолина, а се подучувал да свири и флејта,

Во 1924/25 година Прокопиев прво се запишал во Трговската академија, а потоа и во Гимназијата во Скопје. Понесен од љубовта кон музиката во 1929 година се запишал на Музичката школа во Белград. Таму совладал повеќе музички дисциплини, како свирење виолина, диригирање, оперско пеење, компонирање, музичка педагогија. За време на школувањето, како виолинист бил член на оркестарот на Кралската гарда, бил виолинист и во оркестарот „Colegium musicum“, а како хорист настапувал во Првото белградско пејачко друштво. Бил и диригент на хорот на Спортското друштво „Југ“.

По дипломирањето во 1934 година се вратил во Скопје. Станал секретар и професор по виолина на Приватната музичка школа „Мокрањац“, а подоцна и професор по музика во Државната реална женска гимназија. Бил член и на тогаш формираниот Скопски гудачки квартет.

Освен во Скопје диригирал и со неколку хорови во Лесковац (Србија), Сараево (БИХ) и Куманово. Во текот на двегодишниот престој во Лесковац (1935-1937) го водел Друштвото „Бранко“. Потоа, повторно бил наставник во Скопје и до почетокот на НОБ во 1941 година, бил диригент на Хорското друштво „Слога“ и наставник по музика на Богословијата во Сараево.

Во 1944 година, Прокопиев го формирал хорот при Главниот штаб на НОВ на Македонија, со кој настапувал низ Македонија и Србија, сè до Сремскиот фронт.

Прокопиев бил прв директор на Средното музичко училиште во Скопје (декември 1944). Исто така бил диригент на Оркестарот во Радио Скопје и на Оперскиот оркестар, а потоа и на Симфонискиот оркестар на Филхармонијата. Од 1958 до 1964 година бил директор на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

Творечкиот опус на Прокопиев е мошне богат и разновиден. Централно место во неговото хорско творештво зазема циклусот „Кумановки“ – шест композиции што се вбројуваат меѓу најубавите страници во хорската музика на македонските автори. Во зрелиот творечки период авторот се зафаќа со неколку крупни вокално-инструментални дела: балетот „Лабин и Дојрана“ и оперите „Разделба“, според драмата „Печалбари“ од Антон Панов, и „Кузман Капидан“, според истоименото дело од Васил Иљоски, инспирирано од поемата „Сердарот“ од Григор Прличев.

Трајко Прокопиев починал на 21 јануари 1979 година во Белград.

(извор: М.Е. Скопје, 2009 г., стр. 1229; https://sokom.mk/mk/)

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил; Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top