Македонски легенди

Марија Камишова – Нонча

Marija

Marija

Марија Камишова – Нонча (20. I 1924 – 6. I 1943) е македонски првоборец, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од 1942 година. Била член на СКОЈ од 1939 година и на МК на КП за Велес од 1942 година. Позната како Нонча, заедно со група партизани била откриена и ликвидирана во една колиба во близината на Велес.

Марија Камишова е родена на 20 јануари 1924 година во Велес. Како работничка била организатор на младинското работничко движење. Во 1939 година таа станала член на СКОЈ, а од 1942 година била член на МК на КП за Велес. 

За време на Втората светска војна, таа била организатор на народно ослободителното движење во Велешко. Младата велешанка набрзо го заменила градот со студената планина и шума. Станала борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ формиран во септември 1942 година.

По формирањето одредот, од септември до декември 1942 година, водел многубројни борби со бугарската војска и полиција во Велешко. На почетокот на јануари 1943 година, заедно со група партизани, Нонча била откриена и ликвидирана во една колиба во близината на Велес.

Имено, на 6 јануари 1943 година, во една колиба во месноста Речани, во непосредна близина на Велес, борците Киро Ќучук (23 г.), Нонча Камишова (19 г.), Стојан Бурчевски (22 г.), Јордан Јорданов (22 г.) и Киро Неделковски (30 г.), по извршено предавство од страна на нивен сограѓанин, биле опколени од бугарска војска и полиција. Потоа се развила неравноправна борба, која траела речиси еден час. Тројца борци, меѓу кои и Нонча биле тешко ранети. Откако им снемало муниција, за да не паднат живи во бугарски раце, младите партизани пукале во себе. Меѓутоа, кога влегле Бугарите, тројца веќе биле мртви, а Нонча и Јордан, сеуште давала знаци на живот. Бугарите и нив ги дотепале. Убиените македонски херои два дена стоеле незакопани, а на третиот ден ги закопале селаните од Башино Село.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top