Македонски легенди

Василие Поповиќ – Цицо

Vasilie

Vasilie

Василие Поповиќ (12. II 1914 – 10. XII 1962) е македонски сликар, сценограф и карикатурист, еден од основоположниците на карикатурата и на сценографијата во РМ. Автор е на корицата на првиот буквар на македонски јазик, првиот грб на град Скопје и НР Македонија.

Василие Поповиќ – Цицо бил роден во Скадар на 12 февруари 1914 година. Кога имал само пет години, неговиот татко, кој бил свештеник, со семејството се преселил во Скопје.  Василие цртал од рани години, а по гимназијата, своите вештини ги усовршувал кај Никола Мартиновски. Тој му помагал на Мартиновски при изработката на неколку ѕидни слики, меѓу кои и слика за куќата на скопскиот трговец Михајло Шкаперда во 1933 година.

Во 1933 година, тој се запишал на Уметничката школа во Белград, која ја завршил во 1938 година. Веднаш потоа работел во Народниот теaтар во Скопје како сценограф.

Во периодот на почетокот на Втората светска војна и борбата против фашистичка Германија, од април 1941 година, Цицо бил во повеќемесечно заробеништво во три концентрациони логори (Либек, Хоенфалс и Нирнберг). Во 1944 година, Цицо бил интерниран во бугарски логор во Горна Џумаја (денешен Благоевград), но по интервенција на пријатели од Македонија и од Бугарија, тој бил ослободен и набргу потоа отишол во партизани. Таму бил ангажиран во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ, сместен во селото Горно Врановци. Во овој период изработува цртежи и портрети на личности од неговото опкружување, како и карикатури за првото издание на весникот „Нова Македонија“ и за весникот „Македонка“ на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија.

По војната, Василие бил примен во Народниот театар во Скопје како сценограф, во кој работел сѐ до својата ненадејна смрт во 1962 година. Тој изработил впечатливи сцени за претставите во Македонскиот народен театар во Скопје. Исто така, тој е автор и на филмската сценографија за „Мис Стон“.

Василие Поповиќ – Цицо е дизајнерот на грбот на НР Македонија, ликовно и графички го опремил првиот македонски буквар, негова карикатура се појавила во првиот број на весникот „Нова Македонија“, еден е од основачите на „Остен“, автор е на првиот грб на градот Скопје, секретар е на ДЛУМ.

Василие Поповиќ – Цицо починал во Скопје на 10 декември 1962 година.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top