Среда, 01 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Мирка Гинова
mirka-ginovaГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егеjскиот дел на Македониjа, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. VII 1946) – деец и борец за демократија и слобода. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. Како борец на македонското национално ослободително движење, таа стана симбол за храброста на македонската жена. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Илегално дејствувала по воденските и мегленските села, а во 1943 г. се вклучила во редовите на НОБ. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ. Во 1946 г. била заробена во една акција на грчката војска, осудена од воениот суд во Ениџе - Вардар и стрелана. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Народот за неа испеал повеќе песни, а во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име.

Мирка Гинова е родена во сиромашно семејство во село Русилово, во близина на Островско езеро. Многу рано останува без својата мајка, и ја чуствува сета горчина и страдања во живот. Основно училиште завршува во селото. Нејзиниот татко иако сиромашен, согледувајќи ја нејзината жед за знаење, со малку средства ја испратил на курс за учителки во Костур.

По завршувањето на курсот за учители во 1939 година, Мирка подолг период се обидува да најде вработување. Цела година фашистичкиот режим на Метаксас, ќе ја попречува да најде вработување. Во овој период, диктаторскиот режим со крајна бруталност ги прогонуваше Македонците, третирајќи ги како граѓани од втор ред и интернирајќи ги по пустите острови. Пред почетокот на грчко-италијанската војна (29 октомври 1940 година), таа е назначена за учителка во село во Воденско.

Мирка грижлива како мајка, целата своја љубов ќе ја насочи кон децата. За кратко време ќе ја стекне нивната доверба и почит, Станува нивни пријател. Цело село ќе ја профати како нивна, изразувајќи должна почит и љубов кон самопрегорната учителка. Сепак нејзиното учителствување нема да трае долго. Хитлеровата воена машинерија, во април 1941 година ќе ја окупира Грција (грчката војска капитулира на 20 април 1941 година). Со почетокот на фашистичката окупација на Грција се измени и уште повеќе се влоши положбата на Македонците во Егејска Македонија. Свесна дека само преку вооружена борба може да се стигне до слободата, Мирка Гинова ќе се приклучи во редовите на ОКНЕ и младинската организација ЕПОН.

Како активист на ЕПОН, илегално делува во воденските и мегленските села. Таа ги организира македонските младинки и младинци кои ја помагаат народно ослободителната борба. Регрутира нови борци, а самата заминува во партизани во 1943 година, во околината на Кајмакчалан.

По капитулацијата на Германија во 1945 година, радоста на населението во Егејска Македонија не траеше долго. По ослободувањето на Грција, новата власт започна да ги прогонува членовите на националниот отпор. Членовите на ЕЛАС масовно беа апсени, затварани и подложени на невидена тортура. Посебно македонското население во Егејска Македонија беше подложено на репресалии.



Во 1945 година Мирка се приклучиува на Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО) и при избувнувањето на граѓанската војна во Грција учествува во вооружените групи на народнослободителниот фронт. Во една акција на грчката војска во летото 1946 година, Мирка Гинова е заробена и спроведена во Ениџе Вардар. На судењето кое се одржа во градското училиште, воениот суд ја осудува на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци стрелана е на 26 јули 1946 година надвор од градот.

За време на судењето таа ја покажува сета своја храброст. Иако свесна за последиците пред судот во своја одбрана ќе изјави: "Mакедонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците ... и сега сум горда дека умираm, бидејќи се борев против новите окупатори.” Слична храброст ќе покаже и на самиот чин на стрелањето.

Грчки војник кој присуствувал на чинот на стрелањето ќе ги забележи последните мигови на Мирка Гинова. Во писмото испратено до нејзиниот татко тој ќе напише: ..Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните, смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 и се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. Беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност. А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас, еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка...”

Мирка Гинова е прва жена стрелана во Грција за политичка вина. Народот ја опеал нејзината смрт, а повеќе македонски поети на Мирка и посветија потресни стихови. Таа загина во одбрана на честа и за слободата на својот народ. Достоинствено, храбро, рамо до рамо со своите соборци, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и куршумот ја избра бесмрноста.

Вечна и слава.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.