Македонски легенди

Григор Ставрев Прличев

Grigor_Parlichev

Grigor_ParlichevГРИГОР СТАВРЕВ ПРЛИЧЕВ, (Охрид, 18. I 1830 – Охрид, 6. II 1893) – наjголемото име на македонската литература во XIX век. Григор Прличев е несомнено најголемиот поетски талент помеѓу македонските книжевници од овој период. Истовремено тој е типичен пример на македонските интелектуалци од XIX век, кај кого дојдоа до израз главните политички и културни струења и заблуди, настанати врз основа на општествено-економските прилики во Македонија. Врз основа на тогашните актуелни прилики во земјата Прличев се јавува како супериорен литерат кој според јазичната припадност е всушност тродомен автор: грчки, бугарски и македонски. Тој во себе истовремено ги обединува специфичните и карактеристични елементи на класицизмот и романтизмот, кои како стилски белези доминираат во времето во кое живее и работи. Прличев живеел и работи во повеќе балкански културни центри (Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Солун, Атина, Тирана, Цариград, Софија). Коректно владеел повеќе балкански и европски јазици. Како писател кој е свесен за своите креативни можности, Прличев ги става во служба на позивот и на Македонија која му е и љубов и судба, лулка и гроб.

Роден е како четврто, последно дете на Марија Ѓокова и Ставре Прличев, охридски занаетчија. Набргу неговиот татко починал, а Прличев останал сирак со шест месеци. Извесно време за фамилијата на Ставре Прличев се грижел неговиот дедо, хуманист по доша, кој собирал доброволни прилози за затворениците и бил голем љубител на книгата. Неговиот дедо, согледувајќи дека и кај неговиот внук се раѓа љубов кон книгата на рамо го носел во училиште, а пред неговата смрт оставил аманет на мајка му бездруго да го продолжи школувањето на Григора.

Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид. Додека учел заработувал по охридкста чаршија продавајќи јајца и муренки. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана (Албанија). Откако заработил нешто пари, жеден за наука, во 1849 година се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Но наместо да ги посетува часовите на маедицинскиот факултет, опиен од Хомер, најчесто пеел песни и ги закачувал по зидните табли на универзитетската аула. Спеалените пари брзо се трошеле и набргу морал да се врати во Македонија.

Во текот на 1850г. повторно се враќа во Македонија и до 1859 година учителствува на повеќе места (Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид) за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Две мирни години, исполнети со школска практика и пеење стихови поминал во убавото струшко село Долна Белица, кое што потоа ќе го опише во „Сердарот“  и во својата „Автобиографија“. Во Битола провел неколку месеци во барање работа, а во Прилеп учителствувал неколку месеци. Подолго време Прличев учителува во Охрид и откако собрал доволно пари се враќа во Атина.

Во 1859 г. повторно доаѓа во Атина, како студент на втора година по медицина. Во овој период, наместо да се занимава со медицина, ја пишува поемата „Ο ΑΡΜΑΤΩΛΟΣ“ (Сердарот) што требало да се предаде најдоцна до 13. II. 1860 година на поетски конкурс. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, која се состои од паричен дел и лаворов венец. Истата година неговото дело ќе излезе од печат. Резултатите од конкурсот ги надминуваат и најсмелите очекувања, а Прличев ќе биде прогласен за „втор Хомер“, нешто што дотогаш не се случило во Атина.

Вратен во Охрид веднаш ја започнува работата врз новиот поетски проект – поемата „Скендербег, далеку попретенциозен творечки зафат. Работи како учител во родниот Охрид, каде го чуствува народното движење за отфрлање на грчкиот јазик од училиштата и црквите. Пресвртница во животот на Прличев, според неговото раскажување, направила смрта на браќата Миладиновци во цариградските зандани. Во судирот со фанариотскиот митрополит во Охрид, Милетије и грст одродени чорбаџии, застанува на страната на својот народ и се ослободува од еленистичкото влијание. Со Јаким Сапунџиев го започнуваат „народниот подвиг во Охрид, т.е. борбата за воведување на народниот јазик во училиштата. Со ова Прличев ја официјализира својата борба против грцизмот во Македонија. Во овој период, главно со заслуга на Прличев, во Охрид се формира ќурчиска каса во 1866 година која како материјална база се користи во борбата за воведување на народен јазик во училиштата и црквите.

Чуствувајќи се слаб во словенското писмо, Прличев почнува да го изучува. Извесно време престојува во Цариград, каде донекаде се оспособува во словенското писмо. Има постојани контакти со бугарските културни дејци, а по враќањето во Охрид уште поинтензивно се ангажира за популаризирање на словенското писмо во Македонија. Поткажан од грчките фанариоти, набргу за Прличев започнале и мачните периоди од неговиот живот, прогонувања, малтретирања и апсења.

Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски владика. По затворскиот период го посетува манастирот „Св. Јован Бигорски и е восхитен што во него се служи на старословенски јазик. Продолжува уште пожестоко да се бори против елинизмот, често ставајќи се начело на оваа борба. Пред народот држи беседи исполнети со борбеност, а ќе испее и неколку песни меѓу кои и песна за укинување на Охридската патријаршија. Оваа песна кај народот ќе доживее голем восхит и ќе го мобилизира да истрае во борбата со фанариотскиот митрополит.

Во следната 1869 г. во Охрид масовно се воведува народниот јазик во училиштата. Истава година се жени со Анастасија, ќерка на Христо Узунов, со која има пет деца (Костадинка, Лијза, Кирил, Деспина и Ѓорѓи). Во ова време по покана од Редакцијата на цариградското бугарско списание „Читалише“ се зафаќа со препев на Хомеровата „Илијада“. За неговиот препев негативно се изразила бугарската критика, која го осудила Прличев дека не го познава бугарскиот јазик, што предизвикала кај Прличев револт и разочарување За извесно време се одрекува од преводот на „Илијада“ и започнал обид да создаде вештачки „општословенски“ јазик. На тој јазик тој ќе ги препее „Сердарот“, „Скендербег“, „Илијада“ и „Одисеја“. Се занесува со словенофилството и прави обид да создаде граматика на словенско есперанто. Слични примери можат да се сретнат и во другите словенски литератури.

Прличев соработувал со бугарските цариградски весници и списанија. Во Белград, а потоа во „Читалише во 1872 г. ја објавува песната „Во илјада седумстотин шездесет и второ лето, подоцна преобјавена и во неговата „Автобиографија“. Во цариградскиот весник „Право“ во 1872 г. е објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга песни за деца под наслов „Воспитание или 12 нравствени песни.

Во меѓувреме тој активно работи на издигнување на младото поколение во македонските училишта. Учествувал во свечениот пречек на првиот егзархиски владика Натанаил Кучевишки од Охрид. По тој повод држи и поздравен говор, а создава и една пофална песна во чест на Натанаил. Но набргу кај поетот настанува растрезнување. Прличев набргу доаѓа во силен судир со Натанаила и со црковно-училишниот одбор. Заради судирот Прличев е прогонуван. Во својата „Автобиографија“, Прличев опишувајќи го овој период ќе напише: „Колку чудно е што отечеството, коешто никогаш и никаде не ги оценува своите синови, и грчкиот владика Милетија, најнепомирливиот мој враг, цели осумнаесет години ги трпел моите лекции, приповеди, опомени и укори, и никогаш не ме падел“, а „првиот бугарски митрополит, очекуван месија, нечесно ме  протерува“.

Со заштедени пари од своето учителствување во Струга, заминува во Бугарија (Софија), каде што мнозина „родољупци“ го канеле да се зафати со каква и да е литературна работа и му ветувале секакви олеснувања и помошти. Но по доаѓањето во Софија, истите „родољупци“ станале невидливи.. За да може да преживее во школската година 1879/1880 година работи во габровската гимназија. Прличев се соочил со низа тешкотии, меѓу кои тој неможел да го усвои месното наречје. Идната година бил на служба во Народната библиотека во Софија, каде „вториот Хомер“ бил ангажиран со обична заморна работа – пишување картотека на библиотечниот фонд. Незадоволен од својата работа тој побарал да биде ослободен, по што бил назначен прво за учител во Битола, а потоа во Охрид. Во 1883 -1890 г. учителствува во бугарската машка гимназија во Солун. Во овој период ја пишува својата „Автобиографија“, објавена по неговата смрт во „Сборник за народни умотворениа, наука и книжнина“.

Разочаран, раздразлив заради одбивањето да му се испечати преводот на Илијада (1886-1887), поради „општословенскиот“ јазик. Прличев по пензионирањето во 1890 година, последните свои денови ги поминува во Охрид каде умира во 1893 година.

Поетската творба „Сердарот“ (1860) се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За книжевната наука оваа поема треба да се разгледува во контекстот на европската теорија на романтизмот. Други позабележителни негови творби се „Автобиографијата (1884) и словото-есеј „Чувај се себеси (1866). Тоа се комплементарни литературни дела и ја доречуваат на директен начин основната порака на „Сердарот“.Пишувајќи за него ќерката на Димитрија Миладинов, Церевна Миладинова ќе го нарече Прличев „првовенчан македонски поет“.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top