Среда, 13 Октомври 2010    PDF Печати Е-пошта
Aрхиепископ Охридски и Македонски г.г.Доситеј

DositejДОСИТЕЈ, архиепископ (Димитар Стојковски) (Маврово, 7. XII 1906 – Скопје, 20. V 1981) – е прв поглавар на возобновената Охридска архиепископија – Македонска православна црква. Целиот свој живот го посветува на службата на Црквата. Активно се вклучил во решавањето на македонското црковно прашање и прифатил да биде кандидат за прв митрополит македонски – владика Македонец. На Црковно-народниот собор во Охрид, кога се возобновува Охридската архиепископија како Македонска православна црква, бил избран за прв поглавар, востоличен во архиерејскиот трон на св. Климент (4-5. X 1958) со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски. На митрополитскиот црковно-народен собор (17. VIII 1967) беше прогласена автокефалноста на МПЦ, а архиепископот Доситеј – поглавар на автокефалната МПЦ. Мудро, чесно и самопожртвувано ја раководеше МПЦ во времето на своето 23-годишно архиепископување.

Возобновителот на Охридската архиепископија Г.Г. Доситеј се родил на 7.12.1906 година во селото Маврово. Неговото крстено име е Димитар Стојковски, а се родил како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на Бистра. Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско. Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“. Доситеј останал на Света Гора до 1932 година, кога заради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија. Како монах Доситеј престојувал и во манастирите „Св. Наум (Охрид), „Св. Богородица (Трескавец), Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12.2.1934 г, од страна на владиката Николај, во црквата "Св. Богородица" во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин.

Доситеј длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Обидите на епископот Николај Велимировиќ и од митрополитот Јосиф, да го одродат и да го преобразат Доситеј, а преку него и да ја шират големосрпската пропаганда не успеале. Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а истата година Српската православна црква (СПЦ) не му доделила стипендија за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во 1942 година.

Како последица на промените во Македонија за време на Втората светска војна, во СПЦ настануваат превирања. СПЦ сака да ја спроведе старата српска црковна политика и да го врати во Македонија стариот и омразен митрополит скопски Јосиф. Доситеј како Македонец, прво го острануваат од црквата и го испраќаат да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци. Таму останува до 1949 година, кога прво добива титула архимандрит, а подоцна бил избран за Епископ топлички – викарен на Српскиот патријарх Викенти. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22.07.1951 година.

Доситеј ја сфаќа политиката на СПЦ и отворено се спротивставувал на ваквите намери. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква. Најголем дел од членови во Одборот биле македонски свештеници, кои по војната останале со народот и ја споделувале неговата судбина. На иницијатива на Одборот во декември 1951 година, Доситеј со благослов на српскиот патријарх Викентиј, ја посетил родната грутка. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, прв пат земјата ја посетил некој македонски Владика. Посетата на Доситеј во Македонија предизвикала негативни реакции кај екстремното свештенство на СПЦ, а по неговото враќање во Белград, било дочекан на нож од поранешниот скопски митрополит Јосиф.

По посетата, Доситеј и Иницијативниот одбор ги интензивирале контактите при што се договарале за секој чекор поврзан со црковното осамостојување и возобновување на Охридската архиепископија. Во преговорите кои започнале помеѓу Иницијативниот одбор и Српската патријаршија, главно разговорите се воделе околу изборот на епархиските архијереји за испразнетите македонски епархии. Додека СПЦ инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред се, на митрополитот Јован (поранешен четнички војвода и познат по својата асимилаторска политика), дотогаш Иницијативниот одбор решително се залагал на испразнетите места да дојдат Македонски епископи.

Во 1957 година во кординација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на патријархот српски Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии. Истовремено Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир (во мај 1958 г.) да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии. Иницијативниот одбор сметал дека на ваков начин конечно ќе се оствари идејата на Првиот македонски црковен народен собир од 1945 година и на Свештеничкото собрание на македонските свештеници од 1946 година.

По договорот меѓу Одборот и Доситеј во април 1958 година, во канонска визитација на Македонија била висока црковна делегација на СПЦ, која ја претставувале патријархот Викентиј, епископот Јован, епископот Хризостон и викарниот епископ Доситеј. За време на оваа посета било покренато македонското црковно прашање. Но неочекувано, за разлика од изјавите на патријархот Викентиј при посетата на Македонија, во мај 1958 г. Светиот архијерејски синод на СПЦ донел спротивни одлуки.

По ваквото нагло свртување на политиката на СПЦ, Одборот одлучил да свика Црковно-народен собир на кој ќе поднесе извештај за својата работа, но и да ја возобнови Охридската архиепископија. За тоа се правеле сериозни подготовки и во јули 1958 година бил свикан Собирот. Тоа било едно од најсложените прашања, кои требало да бидат во согласност со канонските правила, но и според желбите на народот кој барал идниот поглавар да биде Македонец. Единствена соодветна личност со совршено минато, монашко искуство и безброј искушенија бил неговото блажество – викарниот епископ Доситеј.

Вториот црковно-народен собор се одржа во Охрид на 4.10.1958 година.  На собирот учествуваа вкупно 219 делегати (свештеници и мирјани). На соборот во црквата „Св Софија“ беше донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија. Во оваа одлука, меѓудругото се вели:

„'Овој Црковно-народен собор решава да се обнови старата македонска Охридска архиепископија која беше присилно укината, а епархиите припоени кон Цариградската патријаршија во 1767 година и истата да носи назив Македонска православна црква. Според основните канонски прописи, црковните граници да се поклопуваат со државните граници. Овој Собор решава црковните граници на епархиите на Македонската православна црква целосно да се поклопуваат со границите на Народна Република Македонија. Во состав на Македонската православна црква влегуваат Митрополијата скопска, епархиите Охридско-битолска и Злетовско-струмичка, со сите парохии кои се наоѓаат на територијата на Народна Република Македонија. На чело на Македонската православна црква стои митрополит, кој носи титула Архиепископ Охридски и Скопски и Митрополит Македонски. Седиштето на Митрополијата е во Скопје. Митрополитот со епархиските архијереји претставува највисока духовна власт на православната црква во Македонија. Животот и работата на македонската Митрополија, како и целиот црковен живот, ќе се одвива според Уставот и одредбите на Македонската православна црква, што овој Собор ќе ги донесе, како и според каноните на православството. Овој Собор ќе го избере првиот митрополит и епархиските архијереји на Македонската православна црква од средината на своите домашни синови“.

Gospodin-Gospodin-Dositej

Откако се донесе Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност на одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереји да биде од средината на своите домашни синови, Доситеј беше предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно беше избран со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв Митрополит Македонски. Донесувањето на двете одлуки: за возобновување на Охридската архиепископија и за избор на Доситеј за поглавар, беше настан од историско значење и круна на она што толку макотрпно се работеше од 1943 па до 1958 година. За време на изборот биеја сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во 'Света Софија, прота Нестор Поповски официјално му ги соопшти Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.

Двесте години по укинувањето Охридската архиепископија, на митрополитскиот црковно-народен собор одржан на 17. VIII 1967 година беше прогласена автокефалноста на МПЦ, а архиепископот Доситеј за поглавар на автокефалната МПЦ. Во негово време од темел беше возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 беше отворена Богословијата, а во 1977 г. Богословскиот факултет. Скопје.

Се до своето упокојување на 20. V 1981 година, како поглавар на МПЦ, Доситеј мудро, чесно и самопожртвувано ја раководеше македонската црква. Возобновителот на Охридската архиепископија, Архиепископот Доситеј стана и остана симбол на МПЦ.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.