Македонски легенди

Чеде Филиповски Даме

Cede_Filipovski_Dame

Даме го создаде Револуцијата

Cede_Filipovski_DameИако живееше само 22 години, народниот херој Чеде Филипоски – Даме,  имаше  бурен  животен пат и при тоа имаше успешна и богата  воена и политичка кариера. Од ѕидарски работник, стана командант на дивизија, а  од член на  партиска ќелија во 1941 година во с. Ниќифорово,стана  член на  АСНОМ –  највисокото преставничко тело во Македонија. Во четири годишната борба против окупаторот и домашните  предавници, Чеде беше исклучителен и бестрашлив борец , а  токму тоа,  додека  беше жив сосема заслужено  обезбеди  место  во клубот на  македонските легенди. И по 65 години од неговото загинување, во колективната меморија на  македонскиот народ се паметат неговите подвизи, неговите соборци со пиетитет зборуваат за неговата храброст, за неговата неустрашливост, за борец со големо срце…

Роден е  во 1923 година во гостиварското село Ниќифорово.

Писателот Владо Малевски  ќе запише.

Чеде го родија Митра и Русе Филипоски, а Даме го роди Револуцијата од 1941 година, во окупирана  Македонија и ќе додаде:

Дамета  го роди и Мавровското поднебје. Го родија тагите и солзите  печалбарски, го роди гордоста на правдољубивоста на планините, го роди гневот на генерациите против постојната сиромаштија, робувањето и експлоатацијата.

Своето детство го минува во родното Ниќифорово, а како момче на четиринаестгодишна возраст заминува во Белград, каде  ќе  го осознае тешкиот печалбарски живот, работејќи и по 15 часа дневно, носејќи  малтер, тули , дрвена граѓа и сл. На белградските градилишта  ќе ја осознае суровоста на печалбарскиот живот, ќе ги осознае неправилностите во животот, а сето тоа ќе му даде силен поттик да се бори за човековите права, за слбода на својот македонски народ.  Тешкиот ѕидарски живот во Белград го споделува со своите сограѓани. Повозрасните и поискусните од него, ќ е го вклучат во работничкото движење и станува член на Обединетите работнички синдикати. Се запознава со голем број  на студенти со напредни погледи со кои разменува  литература. Активно се вклучува во организирањето на излети, демонсрации и штрајкови во Белград. Поради зголемените активносги со прогресивната младина , бил прогонуван од полицијата.

По шестоаприлската окупација   на Кралството  Југославија во 1941 година , Чеде Филиповски се враќа во својот роден крај и активно се вклучува во националното ослободително движење. За кусо време  станува член на Месниот комитет за Гостивар, а во 1942 година, беше поставен за секретар на Околискиот комитет на КПМ за Гостивар.

Во пролетта 1943 година, заминува на терен,  во воена  единица, каде политичката  ја заменува со воените активности.  Првата воена функција  му е заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, во 1943 година  беше поставен за командат на батаљон и заменик командант на бригада , а во 1944 година  беше поставен за заменик-командат  и командант на 48 македонска дивизија на НОВЈ.

Чеде беше страствен вљубеник во Револуцијата и на нејзините цели. Во него гореше оган. Тој оган беше во неговата постојана потреба од акција, во неговата нестрпливост што поскоро да се дотолче непријателот. Во многу борби  се истакнуваше со својата храбрсот. Воинот Чеде, на бојното поле, доживеа најхрабрите да го признаваат за најхрабар. Особено со својата храброст и неустрашливост се истакнува во  борбите за ослободување на Кичево, Пресека, Дебар, Кленоец, Дебарца , Локов… Иако е заменик командант на Првата македонско-косовска бригаде, тој се наоѓа во првите борбени редови, со што ја стекнува довербата  и стравопочита на своите соборци. Храбар, непосреден и правичен. Чеде станува омилен меѓу борците, кои му се обраќаат со името Даме. Чеде не само што имаше јуначко срце, туку и големо и топло човечко срце. Него го сакаа луѓето, но и тој ги сакаше. Најмногу ги сакаше правдата и вистината, слободата и својот народ.

Доживеа да е на чело на дивизија, да го ослободи и родниот крај, да ја види слободна Македонија. По ослободувањето, во мај 1945 година беше испратен во Белград, каде со голем успех ја завршува Вишата воена академија.

Јуначакото срце на херојот Даме , престана да чука на 29 јуни 1945 година, веднаш  по сообраќајната несреќа  што му се случи кај Радовиш, возејќи мотор од Штип  кон Струмица.

Загинувањето на Даме беше мистерија, која и по 65 години се уште не е разјасната. Дали беше сообраќајна  несреќа или пак ликвидација на херојот!?

Чеде загина, но не престана да живее. Остана да живее во партизанските песни и легенди, во молчеливата бронза, во книгите и ученичките тетратки, во смеата и играта на младоста.

За заслугите во Народноослбодителната војна на Македонија од 1941 година, Чеде  уште за време на својот живот, со одлука на Претседателот на АВНОЈ, на 6 декември 1944 година беше одликуван со Орден на партизанска ѕвезда со сребрен венец од втор ред.

На 1 август 1949 година потсхумно беше прогласен за народен херој на Југославија. Носител беше на “Партизанска споменица 1941”, на “Партизанска ѕвезда” и на други одликувања.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top