Среда, 20 Април 2011    PDF Печати Е-пошта
Коста Шахов

kosta-shakovКоста Шахов (Охрид, 14.IV.1862 – Софија. 15.VIII. 1917) - бил македонски деец, револуционер, публицист,  прв претседател на Младата македонска книжевна дружина, еден од зачетниците на македонското новинарство. Рано го напуштил Охрид и заминал за Софија. Дипломирал на правниот факултет. Тука се вклучил во движењето на македонските интелектуалци кои се бореле за афирмација на македонската национална индивидуалност. Коста Шахов станал еден од духовните двигатели на македонското национално чуство во последните децении на XIX век и прв претседател на Младата македонска книжевна дружина (ММКД). Соработник е на „Лоза" и уредник на повеќе весници. Станува близок соработник на Делчев со кого разменувале мисли околу идеалите на македонскиот народ. Шахов најмногу се пројавил како виден македонски деец со својата публицистичка активност. Автор е на неколку книги: „Мугра", „Стојан војвода", во кои го брани макдонскиот национален индивидуалитет и автономистичкиот принцип за Македонија. Починал во Софија во 1917 год.

Коста Шахов е роден во Охрид на 6 јули 1862 година. Ралативно млад ќе го напушта родниот град и ќе замине за Софија. Шахов го продолжува своето образование и дипломирал правни науки на Универзитетот во Бугарија. Како правник најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе

Во осумдесетите години на XIX век како во Македонија така и во емиграцијата се формираат разни македонски здруженија кои се борат за културно-просветна и верска автономија, како и да го заштитат македонскиот народ од влијанието на странските пропаганди. Во овој период Шахов се вклучил во движењето на македонските интелектуалци кои се бореле за афирмација на  посебноста на македонскиот народ.

Охриѓанецот Коста Шахов, како интелектуалец кој добро ја знае моќта на печатот, за потребите на бројната македонска емиграција во Бугарија, ќе го издаде весникот „Македонија“. Всушност весникот „Македонија" не бил орган ни на партија ни на некоја струја во македонското револуционерно и ослободително движење, туку е резултат на напорите на една интелектуално осознаена личност. Како одговорен уредник на весникот, кој почнал да излегува прво во Русе, а продолжил во Софија, во првиот број на „Македонија“, од 21 октомври 1888 година, Коста Шахов во својата статија ја изнесува потребата од македонски печат, кој според него преставува топ со кој се служат сите народи освен македонскиот. Меѓудругото тој ќе напише:

„При се што сме два милиони луѓе, пак немаме, еден каков и да е весник, кој ќе не држи во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас и ќе ни служи за да ги изразиме нашите народни искажувња и мисли. Денеска печатот е посилен од топот и со него се служат скоро сите народи на светот, освен нас... На крајот, ние Македонците, како сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татковината и сме должни да работиме за подобрување на нејзината положба. Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот мине времето безработно, без борба за слободен живот, зашто нашите господари не сакаат да се грижат за олеснување на нашиот живот.“

Коста Шахов како основач и главен и одговорен уредник, ќе овозможи страниците на весникот „Македонија“,  кој излегува се до 1893 година, да бидат слободни на секој патриот само ако е напишано во духот на времето, а тоа е борбата за духовно и културно издигање на Македонците. Бројните статии, дискусии, мислења, критики, објавени на страниците на „Македонија“, ќе ги најави целите на македонскиот народ, како и разните автономистички концепции на нацоналноослободителната борба. Весникот на Шахов иако излегува со подолги паузи, ќе „стане омилена лектира за Македонците и инспирација на легендите на македонската историја како што се: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Васил Главинов, Петар Поп-Арсов, Крсте Мисирков.“

Во меѓувреме, Коста Шахов бил заслужен и за формирањето на Македонското студенско друштво (МСД). Најголем дел од членовите на друштвото  биле пребеганите македонски студенти од Белград, меѓу кои Дамјан Груев и Петар Поп Арсов. Целта и на ова друштво исто така била насочена против пропагандите и ослободување на Македонија, што било спротивно на интересите на Софија. Под притисок на бугарската влада МСД било распуштено во 1891 година. Шахов не мирува и веќе по неколку месеци се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина (ММКД) чии членови биле во најголем дел пребегнатите студенти од Белград. Станал нејзин прв претседател и учествувал во подготовката на списанието „Лоза“.

Појавувањето на списанието „Лоза“ повторно ќе ги вознемири бугарските власти. Откако излегоа броевите 1 и 2, како и двобројот 3 и 4 на списанието „Лоза“, истото  било забрането, а Младата македонска книжевна дружина била растурена веќе во јуни 1892 година. Основачот Коста Шахов во списанието „Глас Македонски“ од 1894 година, за замолкнувањето на ова значајно македонско јадро ќе напише дека уште на самиот почеток, провладиниот весник „Слобода“ ќе ги нападне како „бесно куче“ оптужувајќи ги дека се сепаратисти. Ако се има во предвид колкава била моќта на весникот „Слобода“, под чии притисок бил интерниран еден член на друштвото, тогаш може да се разбере зошто друштвото на младата македонска интелегенција било забрането.

Шахов кој најмногу се истакнува како виден македонски деец со својата публицистичка активност, станува близок пријател со Гоце Делчев, кој тогаш учел во вoеното училиште во Софија. Со него често разменувале мисли околу идеалите на македонскиот народ. Познавајќи го добро неговите способности, во јули 1893 година, на средбата со Иван Хаџи Николов, кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитено лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација, Коста Шахов ќе го препорача Делчев.

Активностите на Коста Шахов, како непосреден учесник во градењето на лозарската идеологија, потоа и делувањето на неговите лозари, како и препораката за Гоце Делчев, ќе имаат огромно влијание во развојот на внатрешната македонска револуционерна организација. Списанието „Лоза“ и покрај сите слабости и пропусти, остапки и повлекувања, ќе заземе посебно место во македонската наука, јазик и култура.

Коста Шахов континуирано се залагал за решавање на Mакедонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава и покрај двојството кое го дозволува и е видливо во објавените прилози во списаниата. Таму „јасно се зборува за посебноста на македонскиот народ и неговиот јазик, иако во коментарите се зборува за бугарскиот карактер на Македонија!“ Какви се неговите погледи кон македонското прашање може да се види од извештајот за дискусијата која се води помеѓу дејците на МК во Софија од 1899 година. Во очигледно жолчната дискусија тој ќе каже:  „..немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија бугарска.“

Коста Шахов од 1894 до 1898 година го издава списанието Глас Македонски, а потоа учествува во работата и на други списаниа.  Автор е на книгите „Мугра" и „Стојан војвода", во кои тој го брани македонскиот национален индивидуалитет и автономистичкиот принцип за Македонија. По долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.