Македонски легенди

Дончо Штипјанчето

Doncho_Shtip

Doncho_ShtipАндон Стојанов (Ерџелија, Светиниколско, 1867 – Ќустендил, Бугарија, 15 април 1931) познат како Доне Тошев или Дончо Штипјанчето бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација.

Тој е роден на 20 април 1867 во Светинколското село Ерџелија.

Негови родители биле Стојан Илиев-Тоше и Мита. Учел шест години во бугарско егзархиско училиште во Штип, а потоа изучувал занат и од 14 години почнал да работи како кожар по селата. Тој активно учествувал во штипското егзархиско читалиште Дејателност каде се запознал со животите и делата на Васил Левски, Христо Ботев и други бугарски револуционери. Некаде околу 1888 година се оженил со Катерина(1863-1958).Таа била ќерка на иконом поп Апостол Поликарев(поп Паликарија) штипскиот делегат кој ја преставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на Бугарската егзархија во 1871 година.

Братот на Кaтерина-Григор поп Апостолов бил учител во Кочани и во 1885 година бил осуден поради обид за покренување на воружена акција против Османлиската империја, а тој починал кон крајот на 80-те години во Диарбекир. Околу 1888 година таткото на Дончо бил убиен, и сега Дончо Штипјанчето требало да се грижи за целата фамилија , почнал да се занимавa со кираџиство, односно за одреденa сума на пари пренесувал разни стоки, а оваа работа му овозможила да оствари разни познанаства кој подоцна му помогнале во револуционерната дејност.

По создавањето на Штипскиот револуционерен комитет од страна на Дамјан Груев во учебната 1894/1895 година, Даме успеал да го придобие и Дончо на страната на Македонската револуционерна организација. Тодор Станков еден од членовите на комитетот го препорачал кај Гоце Делчев и тој станал негов курир.

Првата задача на Дончо во 1895 година, тогаш бил задолжен од страна на Гоце Делчев да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од Велес) во името на Македонскиот комитет . Чакаров требало да покрене востание во Виничко но бил спречен во тоа. Од крајот на 1895 година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на Наум Туфекчиев во Софија.

Во април 1896 година Дончо бил фатен од страна на турcките власти на влезот во Битола при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на Гоце Делчев да се врати во Штип од планирано патување во Софија, тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во Скопје но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. Ѓорче Петров за храброста на Дончо кажал:

Доне си создаде име во организацијата како прататко на тврдоста при најголемите страдања. Така се создаде традиција, еден дух да не се искажува, да не се издава ништо…

Неговиот подвик бил опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, а херојството на Дончо е воспеано од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:

Го фрлија калеш Дончо

Во темни занадани,

Го мачеја пусти Турци

Во тесни долапи…

Дончо во битолскиот затвор се нашол со организациските луѓе Јордан Гавазов и Стојан Лазов, а заедно го нападнале просрпскиот настроен Мицко Крстевски кои 4 пати бил прободен со нож, а Дончо поради тоа се нашол нови три месеци во ‘долапот’ со димензии метар на метар на метар и 50,каде што бил затворен и првите 6 месеци. По Грчко-турската војна, Бугарија поради својата неутралност меѓу другото издејствувала амнестија за сите политички затворени бугари (македонци егзархисти), а Дончо заедно со други 9 затвореници бил ослободен на 20 октомври 1897 година. По излегувањето од затвор заминал за Штип, но повторно бил баран од турските власти и затоа со своето семејство заминал за Бугарија зимата на 1897/98 година и се населил во Ќустендил.

Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со својте коњи. По смрта на Даме Груев се приклонил кон Христо Матов и Тодор Александров, а својата дејност ја продолжил во ВМРО (Автономистичка) се до 1922 година кога му се влошило здравјето.

Дончо умрел на 15 април 1931 година во Ќустендил..

Извори

Крупишки Н.Дуков Г.-Дончо Штипjанчето – првиот курир на Гоце Делчев.Според спомените и сведоштвата на неговата керка Елена Тошева-Рашенова.Штип 1995/6 изд.Штампа

Спомени на Гьорчо Петровъ

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top