Среда, 01 Јуни 2011    PDF Печати Е-пошта
Војводата Петар Чаулев

petar-culevПетар Чаулев (1882. Охрид, Македонија - 23.XII.1924, Милано, Италија) -  бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител Македонската револуционерна организација. Тој е еден од позначајните личности во долгогодишната борба за ослободување на македонскиот народ. Задоен со македонската кауза, уште како ученик станува член на ТМОРО. По нејзиниот раскол тој е дел од Реформското крило, а подоцна станува еден од основачите и раководители на ВМРО (Автономистичка). Вербата дека еден ден Македонија ќе биде самостојна држава на македонскиот народ, му овозможува да ги надмине сите животни искушенија. Но на 43 години, смрта ќе го прекине неговиот животен пат и неговите злагања.

Петар Чаулев е роден во 1882 година во Охрид. Потекнува од познато охридско семејство кое во давнина го носело презимето Малечкобеговци, Всушност, презимето Малечкобеговци фигуративно го опишувало нивното богаство, споредувајќи ги со „мали бегови“. Преимето Чауле веќе го носеле неговиот дедо Ном и баба Ана, кои имале три сина: Јане, Диме и Јаким. Татко на Петар, најмалиот син Јаким, бил рибар, додека мајката Флора, која потекнувала од повидните фамилии од пограничниот регион кон Албанија и била братучетка со познатиот Кузман Шапкарев, имала завршено учителска школа.  Јаим и Флора имале повеќе деца, но сите освен Петар изумреле, па неговото родители како на син единец му овозможило достојна образование.

Се школувал во Охрид и во Битола. Завршил гимназија во Битола каде учествувал во работата на Ученичките револуционерни кружоци. На 17 години, како ученик на битолската гимназија св. Кирил и Методиј, положил заклетва и се вклучил во македонското ослободително движење. Венчан за организацијата, веднаш по завршувањето на гимназијата, кратко време учителствувал во охридските села и уште во текот на 1899 година, се јавува како секретар на организационите чети во Охридско, Преспанско и Леринско. За време на Илинденското востание, како војвода на чета и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, учествувал во востаничките борби во Охридско и Кичевско.

Во тие бурни години од почетокот на веков, кога револуционерното движење ги собира македонските интелектуалци, Петар Чаулев се вљубил во стружанката Злата, од познатото семејство Голабовци. Сестрата на Злата, која подоцна ќе им помгне, била омажена за Серафим Миладинов, братучед на познатиот македонски поет Константин Миладинов. За својата љубов кон револуцијата, Петар Чаулев како свадбен подарок „добил мало пиштолче украсено со скапоцени камења“.

Во тие години Петар Чаулев како војвода и член на ВМРО бил сомнителен и стално надгледуван од турската власт. И при најмал сомнеж за неговите активности, тој и Злата биле често затварани. Дури и за време на Младотурската револуција во 1908 година, кога повторно се вратил во својот роден град Охрид, бил уапсен и затворен од новата младотурска власт. Од последиците на затворот Злата умрела во 1916 годиона, а за нивните деца се грижела мајката на Петар и сестрата на Злата, Фроса Миладинова. Подоцна повторно се оженил со охриѓанката Иванка Спространова, која ќе остани со него до неговата смрт и ќе го посвети нејзиниот живот „на споменот за него’.

Во тие години неговата револуционерна кариера полека оди по нагорна линија. Во 1911 година, станува член на Престседателството но обновената ВМРО. Односно тој бил избран за член на ЦК на ВМОРО, заедно со Тодор Александров и Христо Чернопеев, каде отворено се залага за ослободување и осамостојување на Македонија.

petar-culev2

Почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, ја гледа не само како шанса за ослободување на Македонија од турското ропство туку и како шанса за создавање на македонска држава. Тој со својата чета активно ги подржува сојузничките војски и учествува во ослободувањето на Охрид, Демирхисарско, Дебарца и Кичево. Но по поделбата на Македонија, меѓу Грција, Бугарија и Србија, поранешните сојузници стануваат главен непријател на стремежот на македонскиот народ за сопствена држава.

Во предвечерието на Втората балканска војна и Букурешкиот договор со кој ќе се запечати поделбата и идната судбина на Македонија, во јуни 1913 година, војводата Петар Чаулев со својата чета учествувал во Тиквешкото востание. Заедно со другите чети ВМРО и месното население го ослободиле Неготино и Кавадарци, протерувајќи ја српската воена и административна власт. Откако востанието било крваво задушено, војводата Петар Чаулев со четата заминал во Охридско, каде по неколку месеци подоцна ќе биде еден од водачите на Охридското востание.

Во септември 1913 година се кренало востание против српските војски во Охридскиот регион. Војводата Петар Чулев наредил прво да се заземе Кичево, а подоцна да се оди на Битола. Востаничките македонски и албански чети за мошне кратко време ги протерале српските власти од Ресен, Охрид, Струга, Дебар и Кичево и воспоставиле привремена револуционерна власт. Народот со воодушевување ги пречекувал четите, а на прозорците во Дебар, Охрид и другите ослободени места, се веело македонското знаме. Меѓутоа, откако грчката војска дошла на припомош на Србите и удрила во грбот на востаниците, востанието било крваво задушено. Петар Чаулев како и голем дел од населението се повлекло во новата албанска држава. Во Охрид се вратил дури за време на Првата светска војна, кога станал окружен началник на градот.

По завршувањето на Првата светска војна, Петар повторно бега од Охрид и со семејството постојано патувал во Албанија, Италија, Австрија, Бугарија, Франција и Швајцарија. Заедно со Тодор Александров и Александар Протогеров ја обновиле ВМРО, а тој станал член на ЦК на Организацијата. Соочен со новите политички околности во Македонија и на Балканот, преку контактите со европските интелектуалци интензивно работи на припремите за потпишување на „Мајски манифест“. На 15.V.1924 година во Виена, заедно со Тодор Александров и Александар Протогеров, го потпишуваат Мајскиот манифест на ВМРО, за обединување на сите револуционерни сили на македонското ослободително дело. Всушност ова е документ во кој се зборува за создавање на автономна Македонија, под заштита на Друштвото на народите или една голема сила и како одделна единица во рамките на една Балканска федерација.  Истовремено тоа е документ со кој Петар Чаулев јавно се декларирал дека е против бугарското влијание врз ВМРО.

Ваквиот став не и одговарал на Бугарија и покрај сите нејзини напори да го вразуми „нелојалниот син“, Петар Чаулев никогаш не се откажал од „Мајскиот манифест“. Во тешките „преговори“, водени меѓу емисар на бугарскиот двор и Петар Чаулев, во кои се барало од него, да го отповика својот потпис, тој едноставно и гордо му одговорил дека: „Каде што плука, не лижи!“

Свесен дека со тој чин, си ја потпишал смртната пресуда, Петар Чаулев се крие во Милано, Италија. Бугарскиот двор, преку својата експозитура во Организацијата бара негова елиминација. Под обвинение дека е крив за смртта на Тодор Александров, Организацијата го осудува на смрт и испраќа Димитар Стефанов од село Моричино, Кратовско, да ја изврши егзекуцијата. Единствено кој „знаел за местото каде се крие Петар, бил неговиот баџанак Владимир Лазаров. Сопругата на Петар, Иванка, се до смрта претпоставувала дека тој бил предавникот.

Во попладневните часови „на 23 декември 1924 година, додека Петар Чаулев во едно миланско бистро спокојно го пиел   својот вермут, Димитар Стефанов испукал пет куршуми. За убиството на Петар Чаулев, Димитар Стефанов одлежал една година во миланскиот затвор. Додека бил во затвор, во интервју дадено за белградска „Политика“ тој ќе раскаже како дошло до убиството. „Во нашата чета дојде сдвокатот Демидов и откако објасни како е убиен Тодор Александров, ни рече дека е потребно некој да се најде кој ќе го убие предавникот Чаулев. Потоа во четата беа поделени седумдесет бели ливчиња, а само на едно беше испишано името Чаулев со крст“.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.