Македонски легенди

Ташко Караџа

tasko-karadza

tasko-karadzaАнастас Ташко Караџа (1914 – 1942) е македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Еден е од најистакнатите борци за национални и социјални права на македонскиот народ во Костурско. Активно учествувал во македонското движење и бил активен учесник во антифашистичкиот отпор во Егејскиот дел на Македонија. Пред Втората Светска Војна, како член на КПГ бил апсен и интерниран од режимот на Метаксас. Во 1941 година бил функционер на ОКНЕ за Егејска Македонија и секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини, а во 1942 година бил уапсен, осуден на смрт и убиен од германските власти.

Ташко Караџа е роден на 14 април 1914 година во селото Д’мбени, Костурско. Татко му Насо бил работник. Завршил основно образование во родното место, а потоа се запишал на Земјоделското училиште во Лерин. Во 1929 година станал член на Федерацијата на кумунистичката младина на Грција (Oμοσπονδία Kομμουνιστικών Nεολαιών Eλλάδας – ОКНЕ). Во 1930 година, по две години поминати на Земјоделското училиште, поради своите активности бил исклучен од училиште. Продолжил да се самообразува, но и да ги спроведува своите организациски активности во неговот родно место и во Корешта, област во Северозападниот дел на Егејска Македонија.

Осумнаесет годишниот Караџа, со младешки ентузијазам и ревулуционерна страст ја шири македонската нацинална идеологија и ги организира младинските организации на ОКНЕ. Во 1931 година, додека држел говор пред насобраната младина и другото население на селото Дреновени, Ташко Караџа бил уапсен. Судот во Костур го осудил на три месеци затвор и три месеци егзил во Лариса, каде се сретнал со вистинската борба на работниците за нивните права. Ташко се стекнал со широки познавања за нивната идеологија.

По враќањето во своето село, продолжил да го организира населението со уште поголем елеан. Како член на КПГ, Ташко развива широка револуционерна дејност во Костурскиот крај. Тој воспоставува нови партиски ќелии, ги шири постоечките, ги снабдува со потребната литература и го користи локалниот печат за ширење на идеологијата. Сето тоа ќе доведе до разгорување на политичката борба и зголемување на отпорот на населението против тиранијата на грчката власт.

По враќањето на Лазо Трповски од Советскиот Сојуз во Д’мбени, во 1934 година, Ташко Караџа тесно соработува со него. Тие работат заедно и се советуваат додека заедно патуваат низ Костурскиот регион.

Со воведувањето на Метаксовата диктатура во 1936 година, започна еден од најтешките периоди за македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија. Била забранета употребата на македонскиот јазик. Поради кршење на забраната за користење на македонскиот јазик, повеќе од 5.000 Македонци биле осудени и затворени.

Во октоври1936 година, Ташко Караџа бил уапсен. Најпрво бил мачен во полициската станица во Д’мбени, потоа во Костур, Солун и Пера од каде бил испратен на островот Ајос Ефстратиос, каде од 1930 година биле држени политичките затвореници. Од овој остров, во 1938 година бил префрлен во тврдината Акронафплија, која исто така од 1936 година се користи како затвор за политички затвореници. Сепак и покрај сите измачувања и тортури кои ги доживува, Ташко не бил скршен. Тој ги преживеал сите страдања во Акронафплија и Пилос.

По окупацијата на Грција во пролетта 1941 година, Германските окупациони власти на 28 јуни истата година ги ослободуваат од грчките затвори Ташко Караџа, Андреј Чипов, Лазар Трповски, Лазар Дамов, Атанас Пејков и уште 22 други Македонци. Меѓутоа, уште истото лето, Ташко Караџа, Лазо Трповски и други активисти на КПГ, застана во првите редови на народноослободителната војна против фашистичките окупатори.

Ташко Караџа дејствувал во Атина и од септември 1941 година бил назначен за прв секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини. Неговата работа е поврзана со формирањето на првите партизански редови на ЕЛАС на легендарниот Олимп. При крајот на 1941 и почетокот на 1942 година, како член на Окружното биро на младината од Егејскиот дел на Македонија, Ташко бил назначен за лидер на младинците и студентите од Универзитетот во Солун.

На 8 април 1942 година Тошо бил уапсен од грчките колаборационисти, соработници на германските окупациски власти. Тие му го предаваат на Гестапо, а повеќе од месец и половина тој бил брутално мачен за да ја открие партизанската мрежа и лица кои се вклучени во национално-ослободителната борба. Меѓутоа, и покрај сите мачења и искушенија, синот на македонскиот народ Ташко Караџа, останува докрај лојален кон својот македонски народ и грчки пријатели и соработници од КПГ. Во мај 1942 година во Солун, пред воениот суд да ја донесе конечната пресуда, Ташко со дигнитет ја истакнува чесната антифашистичка борба. По донесената смртна пресуда од страна на воениот трибунал на германските власти, младите солунчани имале три неуспешни обиди да го спасат саканиот Тошо Караџа.

Пред да биде стрелан, на 19 мај 1942 година, Тошо Караџа успеал да се види со својата мајка во затворот и и` порачал да не тажи, дека неговата смрт не е залудна и дека „другарите ќе донесат слобода и среќа“. Три дена потоа, во утринските часови на 23 мај 1942 година, Атанас Тошо Караџа бил стрелан во Солун, не дозволувајќи да му бидат врзани очите.

Името на Ташко Караџа останало во колективната меморија меѓу македонскиот народ во Костурско и пошироко. Народот испеал песни за време на народноослободителната борба, а неговиот живот и борбен дух стана пример како за Македонците, така и за грчките демократи.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top