Среда, 11 Септември 2013    PDF Печати Е-пошта
Коста Веселинов

kosta-veselinovКоста Веселинов (1908 – 19. IX. 1942) е македонски културно-национален деец, правник, историчар и публицист. Тој е еден од македонските дејци кои активно работат на проучувањето на македонското национално минато, посебно на континуитетот на македонската национална свест и борбата за национална слобода. Неговата брошура „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“, преведена на македонски во 1944 година, станува прв учебник по историја во отворените македонски училишта.

Коста Веселинов е роден во пиринското село Бобшево, во 1908 година. Се образува во Горна Џумаја, но поради учество во марксистичкото движење, во VI клас бил исклучен од гимназијата. Веселинов  го продолжува своето школување во Пазарџик, но во следната година се враќа во Горна Џумаја, каде ја интензивира својата национално-политичка дејност. По завршувањето на гимназијата во 1929 година, извесно време работи во Мелник, а потоа го продолжува своето образование на Филозофскиот факултет во Софија. Во 1930 година тој се запишува на Правниот факултет во Софија.

Коста Веселинов станува член на ВМРО (Обединета) и на Кoмунистичката партија на Бугарија (КПБ) и e еден од основачите на Бугарскиот општ народен студентски сојуз (БОНСС), формиран во март 1930 година. Истата година, Васил Хаџикимов, Димитар Шарланџиев, Асен Чаракчиев, М. Иванов, Кирил Николов и Коста Веселинов ја создаваат Македонската народна студентска група (МНСГ) „Гоце Делчев“, како легален клон на ВМРО (Об) и со платформа изградена врз Мајскиот манифест.

Во 1931 година Македонската народна студентска група „Гоце Делчев“, го издава својот весник „Македонски студентски лист“ кој се прогласува за орган на прогресивните македонски студенти во Бугарија. Во весникот кој фактички го редактираат членови на раководството, меѓу кои и Коста Веселинов, се залага за независна Македонија во Балканска федерација на слободни републики. Весникот кој практично бил неофицијален орган на ВМРО (Об), по 6 издадени броја бил забранет, па Македонската народна студентска група во 1932 година продолжува со истата редакција да го издава весникот „Македонска студентска трибуна“.

Весникот „Македонска студентска трибуна“, преку кој се продолжува борбата за формирање на Македонски општ студентски сојуз, бил забранет по четвртиот број во 1933 година, а Коста Веселинов поради објавените статии бил уапсен и исклучен од Софискиот универзитет.

Поради национално-политичката активност и статиите со остра критика кон михајловистите во весникот „Македонско знаме“, каде заедно со Шарланџиев и Сматракалев учествува како соработник и редактор, Веселинов бил осуден на смрт и извесно време се повлекува во илегала, но не престанува јасно да ја декларира борбата за национално ослободување на Македонија. Исто така, во 1934 година, групата околу Хаџикимов ги обвинуваат петмината од МНСГ В. Ивановски, Д.Танов, А. Чаракчиев, Д. Шарланџиев и К. Веселинов дека цврсто се придржуваат до теоријата за македонска нација и нацинално угнетување во Пиринско.

По исклучувањето од Универзитетот во Софија, Коста Веселинов се запишува на Белградскиот универзитет. Во 1935 година се враќа во Софија како правник и се вклучува во Редакцијата на списанието „Македонски вести“, каде ја застапува идејата за независна македонска нација. Тој е член и на Македонскиот партиски актив на БКП.

По забраната на весникот „Македонски вести“ во октомври 1936 година, учествува во Публицистичкиот кружок „Нација и култура“ и во подготовката на весникот „Гоце“. Редактор е на весникот „Глобус“ (1936–1937) и се вклучува во обновениот Македонски литературен кружок во Софија (1938 - 1941). Како адвокат, Веселинов ги брани уапсените Македонци и членови на Македонски литературен кружок (МЛК).

Проучувањето на македонското национално минато, посебно континуитетот на македонската национална свест и борбата за национална слобода била една од главните задачи на кружоците. Во тој поглед особено активни биле Ангел Динев, Антон Попов, Коста Веселинов, Васил Ивановски и Коле Неделковски.

Коста Веселинов ја проучува македонската историја и култура и од 1938 година почнува да објавува свои публикации во новата Национална научна библиотека „К’лбо“. Во 1938 година Коста ја објавува брошурата „Национално поробени народи и национални малцинства“, а во 1939 година тој ја издава „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“, во која го посочува Крсте Мисирков на чело на македонските преродбенски дејци. Во 1940 година Веселинов ја објавува  и брошурата „Борци за народна слобода“ со прилог и за Гоце Делчев. Во 1944 година, „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“ е преведена на македонски и станува прв учебник по историја во отворените македонски училишта.

Голем број на статии од Коста Веселинов се непотпишани или објавени под псевдоними во весниците: „Македонски студентски лист“, „Македонска студентска трибуна“, „Македонско знаме“, „Македонска младеж“, „Македонско дело“, „Македонски вести“ и други со кои соработува и во кои обработува прашања од македонската и балканската историја, за националната свест, националното прашање, малцинствата и културата.

Во текот на Втората Светска Војна, по окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија, поради национално-политичките дејности Коста Веселинов е уапсен на 1 септември 1941 година и испратен во концентрациониот логор во Ени-Ќој, Тракија. По една година престој, Коста Веселинов умира на 19 септември 1942 по операција од воспаление на слепо црево во болницата во Ксанти, а погребан е во Софија.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.