Македонски легенди

Михаило Пупин

Mihajlo_Pupin

Македонските корени на научникот Михаило Пупин

Mihajlo_PupinСпоред потомците на родот Пупин, семејството се доселува во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови.

Во Македонија малкумина знаат дека светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, има македонски корени.

Михаило Идворски Пупин бил професор по математика и физика на Универзитетот Колумбија, САД. Научникот со македонски корени во текот на својата експериментална работа го задолжува светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, потоа ренгенологија, а има и големи заслуги за развој на електротехниката. За својата работа Михаило Пупин добил многу научни признанија и бил член на Американската академија на науките, потоа на Француската, Српската кралска академија, како и почесен доктор на 18 универзитети. Во 1924 година, за автобиографското дело „Од пасишта до научник“ ја добил Пулицеровата награда.

Иако изворите за потеклото на Михаило Пупин се скудни, тие доволно откриваат за неговите македонски корени. Тој е роден во 1858 година во Јужнобанатското место Идвор, тогаш во Австро-Унгарија, од таткото Константин и мајката Олимпијада, кои според тамошните книги биле доселеници од Вевчани, Македонија. Односно дедото на Михаило, Арсение Пупин кој живеел во Вевчени заминал во Идвор, каде се раѓа синот Константин. Се смета дека и мајката на Михаило, Олимпијада, која нема српско име, потекнувала од Охридскиот крај.

Според потомците на родот Пупин, семејството се доселува во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови.

Пупинови изградиле куќа во месноста која денес се нарекува Пупинов Камен, па по заминувањето на Арсение, во неа останал да живее неговиот брат, па така продолжил да се развива родот во Вевчани.

По смртта на татко му, на дваесетгодишна возраст Михаило го прекинува своето школување во Прага и емигрира во Њујорк, САД. Со неколку центи во џебот полека го остварува својот американски сон. Станува ценет и познат научник од светски глас. Се оженил со Сара Катерина Џексон, која по осум години поради болест починала. Во бракот со Сара се родила само ќерката Барбара од која нема потомство.

По завршувањето на Првата Светска Војна, Михаило Пупин кој веќе бил познат и признат научник, близок пријател со претседателот на САД, Вудро Вилсон, како добар познавач на состојбите на Балканот бил испратен на Версајската мировна конференција. Пупин се залагал сите народи на Балканот да имаат рамноправен статус, вклучувајќи и автономија за Македонија. Ваквиот став не им се допаднал на делегатите на СХС, кои бараат негово отстранување од конференцијата, иако со негова заслуга не бил признат тајниот Лондонски договор меѓу сојузниците и Италија од 1915 година, со што во рамките на новата држава биле зачувани Далмација, Банат и други територии кои ги побарувале соседните земји.

Михајло бил свесен за потеклото и покажувал посебно интересирање за Македонија. Во својата автобиографија тој вели дека се родил во околината на Охрид. Во 1914 година Михаило Пупин кој стекнал големо богатство, во знак на благодарност на својата мајка Олимпијада за поддршката која му ја давала, формирал „Фонд Олимпијада Пупин“. Средствата од фондот биле користени за стипендии за децата од Стара Србија и Македонија, но и како помош за Македонија.

Во 1921 година, при посетата на Југославија, Михаило Пупин во Љубљана нарачал да се излие камбана тешка 2.300 килограми. Најтешката камбана на Балканот тој ја подарил на градот Охрид. На камбаната која е поставена на сегашната црква Св. Климент Охридски, на српски јазик пишува: „Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921 година“.

Михаило Пупин формирал и фонд за помош на сиромашните граѓани на Охрид од 100.000 динари. Во знак на благодарност, од 1930 година една улица на градот Охрид го носи неговото име.

Ваквиот однос кон Охрид, само ја покажува огромната почит која Михаило Пупин ја има кон родниот крај и своите претци од Македонија. Истовремено тоа е чин на почит кон духовното седиште на македонскиот народ и своевидно каење што никогаш не успел да ја оствари својата желба да ја посети Македонија, нескриена желба која ја споделува со своите американски пријатели.

Михаило Пупин умира на 12 март 1935 година во Њујорк и погребан е во гробиштата Вудлон во Бронкс.

Денес, куќата на претците на Пупин во Горно Маало во Вевчани, изградена во 1880 година,  целосно е обновена. Во оваа спомен куќа, која е сместувачко- угостителски објект се наоѓа и музејска поставка која го отсликува животот и делото на Михаило Пупин.

Најново од: Македонски легенди

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

To top