Македонски легенди

Петре Прличко

PetrePrlicko-240

PetrePrlicko-240Ликовите на незаборавниот Мандана, Фезлие, стрико Тале, Диме грлатиот, дедо Дојчин, Арсо, Јеротие Пантиќ- на платното и театарските штици ги овековечи македонскиот актер Петре Прличко.
Со право титулата за најголемиот меѓу актерите во историјата на македонската театарска и филмска уметност му е наменета на Петре Прличко.

8.000 претстави, 32 филма, 6 драмски текста, 11 драматизации, кариера од 66 години Петре Прличко секогаш внесувал некоја посебна магија во улогите- македонска магија на човек со ѕвезда

Уште како 16-годишно момче го обзема магијата на театарот. Во 1923 година заминува со патувачкиот театар на Михајло Лазиќ, во непознат но магичен свет.Тој свет ќе му донесе блескава седумдецениска, најверојатно најинтензивна кариера што некој македонски актер успеал да ја оствари. Одиграл повеќе од 500 најразновидни улоги во театар, на филм и на телевизија, а реализирал и преку 30 режисерски постановки.

Неговите пријатели и оние кои само го запознаа, вака би го опишале- Тој е популарен не само во Македонија, туку и надвор од неговата земја и ги добивал најпрестижните награди кои можел да ги добие еден актер. Прличко беше синоним за македонскиот театар, за кого сите знаеја. Тој беше многу симпатичен човек, многу комуникативен. Таа добрина што ја имаше, таа дрдорливост, срдечност која ја носеше, пленеше, насекаде ги воодушевуваше луѓето и тие се собираа околу него. Петре Прличко е човек со ѕвезда. Нема многу актери кои имаат ѕвезда.
Petre-Prlicko-1
Е, Петре ја има ѕвездата која го вброи меѓу ѕвездите- него ,,му беше дадено‘‘. Со таа негова ѕвезда, со таа негова добрина, ги популаризираше нашиот- македонски театар и македонски филм.

Во куќата на Прличко гостите секогаш беа добредојдени и угостени со македонски јадења. Уживаше да собира луѓе околу себе.

За него и за неговиот блескав театарски живот е тешко да се кажат само биографски податоци, но еве едноставно – роден е во Велес, на 13 март 1907 го дина, на благословеното велешко брдо Коинк ( каде е роден и Коста Солев Рацин). Татко му бил меанџија, имал меана на железничката станица во Велес, весел човек. Сакал малку и да се напие, прв боем во семејството Прличкови, заради што не биле многу среќни мајка му и баба му. Шеснаесетгодишниот Петре се школувал во родниот град и еден ден, враќајќи се дома, од училиште, на улица сретнал необични луѓе, кои дотогаш не ги видел.
Petre-Prlicko-2
Тоа биле актерите од патувачката група на Михајло Лазиќ, патувачки актери кои чергареле од град во град. Фасциниран од нивната игра и спобудален од тоа како изгледаат и колку се необични актерите, постојано одел да ги гледа. Во 1923 година тие му дозволиле да излезе на сцена и да одигра мала ролја во претставата ‘Бој на Косово’. Не можел да издржи, скришно, никој да не знае, се качил на воз и побегнал од дома. Така станал актер. Патувал со најразлични патувачки театри, а подоцна формирал и свои, еден од нив бил наречен ‘Боем’. Тоа го работел од 1923 до 1939 година”. Претставите се играле во кафеаните. Најубавата девојка од театарот се движела меѓу гостите и со шешир ги собирала парите. На овој начин Прличко заработувал за живот, што мора да се признае не било воопшто лесно. Во 1939 година бил ангажиран во тогашното Народно позориште “Александар I” во Скопје и станал вистински професионален актер.
Petre-Prlicko-3
Во 1941 година заминале Србите, дошле Бугарите, а Петре продолжил да игра на сцената на истиот театар, кој денес се вика Народен театар Скопје. Во 1944 година й се приклучил на театарската трупа ‘Кочо Рацин’ . Глумел, играл, правел сe што знае и умее, а потоа се вратил во Скопје и во јануари 1945 година влегол во првиот ансамбл на Македонскиот народен театар. Во овој театар првата претстава ја одиграл на 3 јануари 1945 година и учествувал во речиси сите тамошни претстави до крајот на неговата кариера. Последната претстава ја играл во април 1989 година, по игра на случајот во Велес, родниот град, по 66 години кон тинуирана кариера, без запирање, без прекин. Иако не можеме точно да изброиме, сепак се смета дека одиграл околу 8.000 претстави. Во негово време театарската претстава просечно траела три часа, а тоа значи дека на даските што живот значат Перица минал 24.000 часа или 1.000 дена. Тоа се бројки кои зашеметуваат.
Освен ова, снимил 32 филма, напишал 6 драмски текста, сите се играни, направил 11 драматизации, умеел и убаво да пее, па така можеле да го видат и во опера и во оперета.
Почина во 1995 година. На својот стоти роденден, – тој симболично се врати дома, во центарот на Велес.

Ако се обидете да го споредите со други големи ѕвезди од европската театарска историја- нема да може да најде ниту една која би можела да се мери со него. Тој е балкански актер, олицетворение на таа балканска театарска традиција, која што е емотивна. Петре Прличко играл во многу македонски филмови, но одиграл голем број ролји во филмовите на другите балкански продукициски куќи. Јазикот не му бил пречка. Последното негово гостување надвор од Македонија било во 1980 година на еден и сега многу престижен хрватски, но и европски театарски фестивал “Дубровнички летни
игри”.

Неговиот пробив надвор од земјава почнал со филмот “Мис Стон” и тогаш улогата на Мандана му ја носи една од најрелевантните актерски награди кои можела да се добие во тоа време – “Златна арена” на Филмскиот фестивал во Пула. Оттогаш почнува неговата голема филмска кариера.
Филмографија – македонски филмови

• Фросина – 1952 (Главна улога)
• Волча ноќ – 1955 (Главна улога)
• Мис Стон – 1958 (Главна улога)
• Виза на злото – 1959 (Споредна улога)
• Мирно лето – 1961 (Главна улога)
• Солунските атентатори – 1961 (Главна улога)
• Твојот роденден – 1961 (Главна улога)
• Денови на искушение – 1965 (Главна улога)
• До победата и по неа – 1966 (Главна улога)
• Каде по дождот – 1967 (Споредна улога)
• Македонска крвава свадба – 1967 (Главна улога)
• Мементо – 1967 (Главна улога)
• Планината на гневот – 1968 (Главна улога)
• Републиката во пламен – 1969 (Главна улога)
• Жед – 1971 (Споредна улога)
• Македонски дел од пеколот – 1971 (Главна улога)
• Време, води – 1980 (Главна улога)
• Време, живот – 1999 (Главна улога)

К.Л.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top