Македонски легенди

Нијази Лимановски

Rostuse_2012_13

Rostuse_2012_13Нијази Лимановски (27. VI. 1941 – 11. X. 1997) е македонски етнолог и борец за национално обединување на Македонците без разлика на верската вероисповед. Потекнува од родители исламизирани Македонци и како етнолог целиот свој живот го посветува на нивното истражување.

Нијази Лимановски е роден на 27 јуни 1941 година во селото Ростуше, во областа Долна Река, кое се наоѓа над реката Радика и е сместено на источните падини на планината Дешат. Пораснат во таква средина, Лимановски ќе израсне во голем борец за национално обединување на Македонците без разлика на верската вероисповед.

По завршувањето на основното и средно училиште, Лимановски активно се вклучува во политичко-општественит живот на земјата. Како виден општествено-културен и политички деец, од 1969 до 1974 година бил пратеник на Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија.

Во 1979 година, Лимановски дипломирал на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, на Групата географија. Посебно заинтересиран за етногенезата на исламизираните Македонци, тој докторирал на Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград со темата „Етносоцијалните карактеристики на исламизираните Македонци“. Истата година тој бил основач на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците – муслимани, со цел национално обединување на Македонците без разлика на верската определеност.

Во меѓувреме, Нијази Лимановски работел како новинар, главен и одговорен уредник, а бил и директор на радиостаницата во Дебар. Во 1974 година преминал на работа како уредник-новинар во Службата за информации на Собранието на Република Македонија, а во 1982 година бил именуван за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 година бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура и на таа должност останал се` до изборот за доцент на ПМФ, во февруари 1994. Од 1 март 1994 година, Лимановски како доцент по група предмети на студиите по Етнологија, предава на Географскиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Проф. д-р Нијази Лимановски објавил четири книги, како и над 50 научни трудови од областа на етнографијата. Настапил на десет меѓународни симпозиуми, а бил главен и одговорен уредник на списанието „Етнолог“ и на изданијата на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани. Лимановски бил рецензент на повеќе книги, а се појавува и како автор на сценариото на телевизиската серија на Македонската радиотелевизија која во десет емисии ја обработува „Етнологијата и фолклорот на исламизираните Македонци“.

Во текот на својот живот, Лимановски бил мошне активен како основоположник и претседател на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците – муслимани. Исто така бил претседател на Здружението на етнолозите на Македонија, а бил член на Сојузот на новинарите, на Здружението на фолклористите, на Македонското географско друштво, како и член на меѓународната организација „Караденис-Понт“ од Кишинев, Молдавија.

Проф. д-р Нијази Лимановски добитник е на повеќе награди и признанија. За своите достигнувања од областа на просветата и културата добитник е на наградата „Климент Охридски, потоа наградата „Гоце Делчев“ од областа на науката од интерес на Република Македонија, како и наградата „10 Октомври“ на Републичката заедница на научните манифестации на Македонците-муслимани. Тој е одликуван и со Орден на трудот на сребрен венец и со Орден со заслуги за народ со сребрени знаци.

Во 1997 година д-р Лимановски ја донира на државата својата збирка „Народна носија и покуќнина од дрво, глина, дрво и метал – Македонски муслимани“, која содржи повеќе од 200 предмети вредни предмети од кои некои се уникатни предмети од крајот на 19 век, и е единствена збирка од овој тип во Република Македонија.

Д-р Нијази Лимановски починал на 11 октомври 1997 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top