Македонски легенди

Павел Христов

Pavel_Hristov_IMARO

Pavel_Hristov_IMAROПавел Христов (1874 – Софија, 6. VI. 1922) е македонски учител и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Тој не е меѓу најпознатите први водачи како Даме, Гоце, Пере, Ѓорче и Матов, но, тој е еден меѓу првите по петмината водачи на револуционерна Македонија.

Павел Христов е роден во 1874 година во битолското село Цапари. По завршувањето на гимназијата во бугарскиот град Лом, во 1894 година се враќа во Македонија како учител. Учителствувал во градовите Прилеп, Кичево, Костур и Битола, а во 1895 година Христов станал член на Македонската Револуционерна Организација. Тој брзо напредувал во хиерархијата на Организацијата и по три години бил поставен за раководител на Костурската револуционерна организација. Од 1898 до 1901 година, тој раководи со организацијата во Костурско со помош на Михаил Николов (Бобишча), Лазар Поп Трајков (Д’мбени) и Кузо Стефов (Загоричани).

На почетокот на 1901 година, по убиството на злосторникот Нуредин бег од костурското село Света Недела, во таканаречената Нурединова афера, Христов бил уапсен од турските власти и поминува три години во Корчанскиот затвор. По излегувањето од затвор, по Илинденското востание во 1903 година, тој бил избран за член на Битолскиот револуционерен округ.

Во 1905 година, како делегат на Битолскиот округ, Павел Христов учествува на Рилскиот конгрес, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година бил избран за член на Централниот комитет. Во меѓувреме, во 1907 година тој бил избран за претседател на Битолскиот конгрес на кој меѓу другото се ревидира и правилникот за работа од 1905 година.

По Младотурската револуција во 1908 година, Павел Христов бил училишен инспектор во Битола. Во декември 1909 година поради убиството на црногорскиот анархист Јово Јовановиќ кој бил поставен за училишен инспектор во Битолскиот вилает, бил уапсен заедно со 40 – тина лица од Битола, меѓу кои Георги Попхристов и Милан Матов. По два месеци престој во затвор, Христов и останатите биле изнесени пред воен суд и ослободени.

Во периодот 1910/1911 година, Павел Христов бил задграничен претставник на ВМРО во Софија и помагал организационо да се обнови Битолскиот револуционерен округ.

Во Првата балканска војна тој учествува како доброволец во Македонско-одринско ополчение. На почетокот на војната бил во четата на Панајот Каранфилов, а потоа ја предводел четата бр. 23 која дејствувала во Битолско како поддршка на српската војска. Во содејство со Крсте Маликов и над 400 четници, ја уништуваат на неколку места железничката линија меѓу Лерин и Кременица и предизвикуваат паника во заднината на турската војска кај Битола.

Во текот на Втората балканска меѓусојузничка војна Павел Христов е во Здружената партизанска чета при ополчението. Тој е еден од главните организатори и раководители на Охридско-Дебарското востание кое избувнува во септември 1913 година. Заедно со Петар Чаулев на 12 септември 1913 година влегуваат свечано во Охрид. Влегува во привременото раководно тело, но по задушувањето на востанието се повлекува во Албанија, каде ја продолжува соработката со албанските револуционери.

Во текот на есента 1913 година, Павел Христов бил назначен за главен учител. Заедно со македонскиот деец и свештеник Трпо Поповски, кон крајот на ноември одат во Драч, каде се уапсени од месниот управител Есад паша Топтани. Поткупен од српските и грчките агенти, Есад паша ги уапсил и ги интернирал Христов и Поповски во Валона. По интервенцијата на ресенските трговци Михаил Татарчев и Коста Стрезов, како и на Хасан бег Приштина, Христов и Поповски биле ослободени.

По Охридско-Дебарското востание, Павел Христов и Петар Чаулев повторно војуваат заедно во текот на Првата Светска Војна. Двајцата на чело на голема чета дејствуваат во тилот на српската армија и влегуваат во Крушево, три дена пред доаѓањето на бугарската војска. Во периодот од 1915 до 1918 година, Христов работи како окружен финансиски раководител, а подоцна и како окружен управник на Битола.

По Првата Светска Војна, Павел Христов влегува во Временото претставништво на обединетата поранешна ВМРО. Во 1921 година оди во Албанија каде што заедно со Александар Протогеров преговараат со албанските револуционери предводени од Хасан Приштина, за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово. Според договорот кој го склучуваат, Албанија требало да го добие Новопазарскиот санџак и Косово, Македонија да стане независна држава, додека Дебарскиот санџак бил спорен.

Набргу потоа, Павле Христов умира од туберкулоза на 6 јуни 1922 година во Софија.

Македонска нација

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top