Македонски легенди

Анастас Коцарев

atanas-kocarev

atanas-kocarevАнастас Коцарев (5.V.1889 – 29.III.1931) е македонски деец и лекар онколог, еден од првите кој работи на истражување и лекување на ракот. Во 1915 година го основа Друштвото „Македонија“ во Женева, а во 1918 година ги обединува и другите македонски друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. Се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за балканска федерација. Соработувал со нобеловката Марија Кири – Склодовска на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата. Прв во светот направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер.

Анастас Коцарев е роден на 5 мај 1889 година во Охрид, во старо охридско семејство. Основно образование завршил во Охрид, а гимназија во Солун во 1908 година. Семејната трагедија, смртта на неговата мајка (почината од рак), како и на двете сестри кои починале млади, ќе бидат причина младиот Анастас да одлучи да студира медицина. Неговиот татко, кој бил познат банкар, за да ги плати трошоците за студиите на својот син, продал дел од семејниот имот (чифлик), пошто Анастас студирал на Медицинскиот факултет во Женева.  

Анастас Коцарев завршил медицина на Женевскиот универзитет и работи како асистент на универзитетската клиника, каде што и докторирал. Во периодот од 1917 до 1919 година работи како лекар и приватен доцент по онкологија на истиот Медицински факултет. Тој бил целосно посветен на науката и македонското прашање. Воспоставил широки контакти кои ги користи не само за неговите медицински истражувања, туку и за македонската кауза.

Д-р Коцарев посебно бил заинтересиран за експерименталните лекови. Првата негова научна статија датира од 1914 година (Quelquesblessures des nerfsobserveespendant les querresbalkaniques), а првата книга ја објавува во соработка со Алфред Фроментин во 1916 година (“Theorie biosociale du sommeil”). Истата година бил повикан да продолжи со истражувањата на Академијата за медицина во Сорбона, Париз. Таму тој ќе продолжи да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување ќе го насочи на тесна соработка со познатата Марија Кири – Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабораторијата за радиум на Универзитетот во Сорбона. Подоцна, тој во својата монографија ќе изрази голема благодарност кон својот учител и соработник Марија Кири.

Уште во 1915 година, Анастас Коцарев го обновува Академското друштво „Македонија“ кое било продолжение на Академското друштво на македонско-одринските студенти во Женева, формирано по Илинденското востание (1904 – 1915). Во текот на Првата светска војна, на Универзитетот во Женева студирале околу 15 Македонци. Членовите на друштвото, Анастас Коцарев, Петар Здравев, Димитар Несторов, Трифун Греков, Благој Тошанов, А. Копандонов, Александар Крајчев и др., донеле правилник за работа што им овозможило да го регистрираат друштвото при Универзитетските власти. Во 1918 година, авторитетниот д-р Коцарев кој имал врски со видни швајцарски општественици, едногласно бил избран за претседател на друштвото. Тој се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за балканска федерација.

Македонските студенти од Универзитетот во Цирих, во 1915 година исто така формираат Политичко друштво „Македонија на Македонците“, а во 1916 година во Лозана било формирано Политичкото друштво „Македонија – за одбрана на правата на Македонците“, додека во Женева пак било формирано Политичкото друштво за независност на Македонија. До крајот на Првата светска војна во Швајцарија постојат околу 25 македонски друштва, кои во времето на Версајската мировна конференција формираат Главен одбор на македонските друштва за одбрана на целоста и државната конституција на Македонија.

Во август 1918 година, д-р Александар Коцарев ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. На 15 декември 1918 година тие го основале Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија или Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија (Conseil general des Societes maccedonienne), со седиште во Лозана. Д-р Коцарев бил избран прво за потпретседател (15. XII. 1918 – 2. V. 1919), а потоа и за претседател (2. V. – 1. VIII. 1919).  Во овој период нивен печатен орган е списанието „Македонска независност“ („L’Independence macedonienne), преку кој светот се запознава за борбата и стремежот на македонскиот народ.

Домот на д-р Кацарски во Женева, како и во Париз служел за промоција на македонското прашање пред меѓународните фактори. Познати се неговите контакти од мај 1919 година со проф. Г. Д. Херонод САД, кој го поддржува барањето на македонскиот народ за независност. За жал, барањето на Главниот одбор да испрати тричлена комисија која би ги застапувала интересите на македонскиот народ, било одбиено од преговарачите на Париската мировна конференција. Но, тоа д-р Коцарев и неговите соработници не ги спречило да продолжат да испраќаат телеграми и петиции, барајќи справедливо решавање на македонското прашање.

Во дописите до Париската конференција Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија инсистирале на 14-те Вилсонови точки во кои се предвидувало правото на само определување на секој народ. Од сите упатени писмени акти, големо значење има апелот што бил испратен до целиот цивилизиран свет во јуни 1919 година, потпишан од претседателот д-р Коцарев и неговите соработници. Во него е нагласено дека Македонците имаат право на живот, а се истакнува и вољата на македонскиот народ за создавање на независна македонска држава по примерот на Швајцарија и под протекторат на една од незаинтересираните сили – САД.

Отткако Македонија остана поделена, Главниот одбор функционира до 27 ноември 1919 година. Сепак, активноста на Академското друштво „Македонија“ се чувствува се` до крајот на 1923 година, а во 1924 година тоа престанува да делува откако неговите активни членови ги завршиле студиите и се вратиле во своите родни краеви. Иако носталгијата го тера да се врати во родното место, д-р Александар Коцарев, останува во Швајцарија, каде продолжува со својата истражувачка работа за дијагностицирање и лекување на ракот. Тој се надева дека еден ден ќе се врати  во Охрид, каде сакал да отвори институт за истражување и лекување на ракот.

Во својата истражувачка работа како лекар, д-р Александар Коцарев го користи радиумот за инјектирање во ткивата за дијагностички и терапевтски цели. Во 1922 година, тој ја направи првата радоиграфија на пациент заболен од рак. Во 1929 година преминува во Париз, каде продолжува со своите истражувања. Неговите истражувања го прават еден од пионерите на радиодијагностиката и радиотерапијата. Во текот на 1921 до 1931 година, д-р Александар Коцарев има издадено голем број публикации за својата истражувачка работа, а во тогашните весници има записи за него. Неговите истражувања дури и денес се цитираат. За неговата истражувачка работа доби награда од Медицинската академија во Париз, а тој е еден од првите Македонци кој бил најблиску до добивање на Нобеловата награда.

Д-р Анастас Коцарев никогаш не се оженил, а целиот свој живот го посветил на науката и за решавање на македонското прашање. Боледувал од лесна форма на дијабет, но ненадејно починал на 29 март 1931 година во Париз. Се смета дека бил отруен од тајните служби на балканска земја на која му сметала неговата активност по однос на македонското прашање.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top