Македонски легенди

Иван Каранџулов

ivan-karandzulov

ivan-karandzulovИван Каранџулов (1856 – 5.V.1930) бил правник и општественик од Македонија, претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства, пратеник во бугарското Народно собрание, главен обвинител на Врховниот суд и претседател на Алианс Френцезе во Бугарија. Се школувал во Цариград и правни науки завршил во Франција. Како долгогодишен претседател на Комитетот, одржувал блиски врски со ВМРО на Т. Александров и Иван Михајлов.

Иван Каранџулов е роден во 1856 година во градот Прилеп, во семејството на просветниот деец Коне Чонов Каранџулов, кој отворил една од првите печатници во Западна Македонија и учествувал во црковната борба за независност. Иван своето образование го завршил во родното место, а откако татко му се преселил во Битола, работи како учител меѓу 1872 и 1874 година. Потоа заминува во Цариград каде учи на Роберт колеџот, кој претставува најстаро американско училиште надвор од границите на САД, основано 1861 година.

По завршувањето на колеџот се враќа во Битола и продолжува да работи како учител. Во текот на престојот во Цариград, Иван Каранџулов го редактирал весникот „Новини“, а по враќањето, покрај учителствувањето работи и како коресподент на весникот „Зорница“. Потоа заминува во францускиот град Екс ан Прованс, каде студира право.

По завршување на правните студии во 1889 година, Иван Каранџулов заминал за Бугарија, каде живее и работи. Тој службувал на разни позиции во бугарското судство. Иван бил судија во окружните судови, претседател на Апелацискиот суд, а од 20 април 1907 до 8 јануари 1920 година бил и главен обвинител на  Врховниот суд.

Во 1907 година, Иван Каранџулов бил делегат на Втората Хашка конференција за мир, на која заедно со другите бугарски претставници генарал Врбан Винаров (исто така завршил на Роберт колеџ во Цариград, масон), Иван Кожухаров и капетан С. Димитров, се залагале за идејата за создавање на постојан Меѓународен арбитражен комитет.

Иван Каранџулов активно учествувал во македонското ослободително движење и го поддржува Врхониот македонско-одрински комитет, кој како раководно тело на македонските емигрантски друштва, официјално се залага за автономија на Македонија и Одринско. Има големо влијание меѓу македонската емиграција во Бугарија и станал претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства.

По Првата Светска Војна, Каранџулов бил избран за претседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства и на таа позиција се наоѓа од 1918 до 1922 година. Како долгогодишен претседател на Комитетот, тој одржувал тесни врски и станува истакнат деец на ВМРО на Тодор Александров и Иван Михајлов, кои ги поддржува во судирот со противниците.

Во 1923 година, Иван Каранџулов учествува  во основањето на Македонскиот научен институт во Бугарија, кој има за цел изучување на Македонија и нејзиното население. Истата година бил првпат избран за пратеник во Народното собрание. Односно, Иван Каранџулов бил избран во 1923 година за пратеник на 21 – то, а во 1927 година за пратеник на 22 – то Народно собрание, од Неврокоп, Петричкиот округ. Во бугарското собрание дејствувал како член на Македонската парламентарна група се` до неговата смрт во 1930 година. Инаку оваа група била легален парламентарен претставник на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во Бугарското собрание, во периодот помеѓу 1924 до 1934 година.

Во 1924 година, на виенските разговори помеѓу претставниците на ВМРО и Коминтерната, во духот на Мајскиот манифест била донесена Декларација на македонската парламентарна група, во која „македонските парламентарци му откажуваат секаква поддршка на бугарската Влада на Цанков, престануваат да бидат оделни пратеници и образуваат Македонска парламентарна група која констатира дека денешната бугарска влада се експонира како непријател на македонскиот народ и на неговата ослободителна кауза“.

Иван Каранџулов, како и другите Македонци кои биле избрани за пратеници во бугарското собрание со поддршка на ВМРО, се оформиле како посебна Македонска парламентарна група, која по повлекувањето на Александров од Мајскиот Манифест, тоа стриктно ги спроведувала упатствата на ВМРО (Автономистичка), а по расцепот на Организацијата и на Михајловистите.

Пратениците на Македонската парламентарна група, меѓу кои е и Каранџулов, во текот на својот мандат во 21 и 22 Народно собрание се спротивставувале на подобрувањето на односите помеѓу трите балкански држави: Бугарија, Кралството Југославија и Кралството Грција.

Во текот на својот живот д-р Иван Каранџулов бил претседател и на Францускиот институт (Алианс Френцезе), кој има за цел да ги шири францускиот јазик и култура во Бугарија. Него пријателите ќе го опишат како човек со висока култура и интелигенција, англиски образован, остроумен и брилијантен ум, кој предизвикуваше стравопочит и лесно и со иронија се спротивставуваше со противниците. И тој како и многумина македонски емигранти умира на 5 мај 1930 година во Софија, далеку од своето родно место и својата татковина.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top