Македонски легенди

Ѓорѓи Абаџиев

GorgiAbadjiev

GorgiAbadjievЃорѓи Абаџиев (7. X 1910 – 2. VIII 1963) е македонски писател, раскажувач романсиер, историограф, публицист и сценарист. Со родителите емигрирал во Бугарија. Бил член на Македонскиот литературен кружок (1938–1942) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ (1946–1947). Во 1948 година се враќа во Македонија, каде што во Скопје е еден од основачите и еден од најактивните соработници на Институтот за национална историја. Во 1972 г. се објавени неговите “Избрани дела“ во четири тома. Во сите негови дела темите на историјата имаат истакнато место и со право  се смета за историски белетрист.

Ѓорѓи Абаџиев е роден на 7 октомври 1910 година во Дојран. Рано останал без мајка, која умира во 1914 година. Во текот на Првата светска војна, кога населението на Дојран се иселува од градот поради близината на Солунскиот (Македонски) фронт, татко му со двајцата синови се сели прво во Неготино, а во 1918 година семејството емигрира во Ѓумурџина и Деде Агач, под грчка власт. Во 1920 година, по враќањето на татко им од заробеништво, семејството се иселува во Бургас, а во 1921 година во Плевен.

Но, преселбите не завршуваат тука. По смртта на поголемиот брат Александар, кој бил убиен во политичките пресметки на македонската емиграција, семејството на Димитар се преселува во Горна Џумаја (Благоевград). Од 1924 до 1932 година, Ѓорѓи живее во Горна Џумаја, каде завршува средно гимназиско образование. По осум години поминати  во Горна Џумаја, Ѓорѓи заминува за Софија, каде неколку месеци потоа се вработува во фабриката за каучук. По извесно време во Софија се доселува и неговиот татко Димитар, кој во меѓувреме се преженил и се вработил во истата фабрика.

Од 1934 до 1939 година, Ѓорѓи Абаџиев студира на Правниот факултет во Софија. Во овој период тој се вклучува во активностите на организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија и е еден поактивните дејци на македонското ослободително движење.  Соработува со весникот „Македонски вести“, неофицијален орган на ВМРО (Об.),  кој излегува во Софија во периодот од јануари 1935 до јануари 1936 година и  во кој се застапуваат идеите за независна Македонија.

По забраната на „Македонски вести“ и прогонот на редакторите, тие работат полуилегално како Македонски публицистички кружок, нација и култура.  Истата 1936 година, Абаџиев во Софија ги издава книгите  „Последна средба“ и „Труд и луѓе“,  кои се неговите први уметнички цртици, репортажи и раскази.

Во 1938 година, поранешните редактори на весникот и други се појавуваат како Македонски литературен кружок (МЛК). Абаџиев е еден од основачите на МЛК во Софија, во кој влегуваат македонски литерати од левата ориентација, од сите три дела на Македонија. Меѓу основачите и членовите на МЛК кои ги поставуваат основите на  современата македонска литература се наоѓаат имињата на: Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил  Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев, а подоцна се придружуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и Митко Зафировски.

Програмскиот стремеж на Македонскиот литературен кружок, искажан преку лозунгот „Слободна и Независна Македонија“, претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест. Во 1939 година, членот и основачот на Македонскиот литературен кружок Ѓорѓи Абаџиев, во својот критички осврт на расказ во кој се говори за борбата за ослободување од османлиите, во неможност да ја согледа македонската специфичнист, односно кои се македонските херои, ќе истакне дека една од најважните задачи е да се пресоздаде македонската историска реалност. Истата година, тој е еден од организаторите на штрајкот во фабриката, поради што бил отпуштен од работа.

Кружокот кој работи се до почетокот на 1942 г., постојано се собира на разни локации каде пред македонската емиграција ги пропагира прогресивните идеи за ослободување на Македонија од туѓото ропство.

Во текот на Втората светска војна. Ѓорѓи Абаџиев учествува во илегалната работа против фашистичкиот режим во Бугарија. По падот на режимот во 1944 година станал член на временото преставништвото на ГШ на на НОБ и ПОМ во Софија. Истовремено ја вршел должноста на секретар на Комитет на македонската емиграција во Бугарија, а во 1945 и 1946 година бил и член на Македонскиот Научен Институт во Софија.  Во овој период тој бил и уредник на возобновениот весник „Македонско знаме“ (1945 – 1947) кој го брани постеењето на македонската нација и ги застапува барањата на македонскиот народ. Исто така, од 1946 до 1947 година, тој е член и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“.

Во 1948 година Абаџиев се враќа во Македонија, каде што во Скопје е еден од основачите, в.д. заменик-директор и еден од најактивните соработници на Институтот за национална историја. Од 1949 г. тој е член на друштвото на писателите, а во март 1953 година бил избран и за еден од секретарите  на културното друштво “Матица на иселениците од Македонија”.

Литературната работа во татковината ја започнал со расказот „Двајцата другари“, што е објавен во Скопје, во 1948 година. Потоа ја издал збирката раскази „Изгрев“ (Скопје, 1950), по што следуваат: “Епопеја на ножот”  (Скопје, 1951), “Последна средба” (Скопје, 1953), романот “Арамиско гнездо” (Скопје, 1954),  романот “Пустина” (Скопје, 1961), раскази “Табакерата” (Скопје, 1962). Во 1972 г. се објавени неговите “Избрани дела“ во четири тома. Во сите негови дела историските теми имаат истакнато место и со право  се смета за историски белетрист.

Во 1958 година, сценариото за филмот „Мис Стон“ бил првиот негов чекор на Абаџиев  во филмската уметност. Потоа пишува и сценарија и радио драми. Во 1948 година за неговата работа е награден за проза од владата на НРМ, а во 1961 година е награден со октомвриската награда за романот “Пустина”.

По катастрофалниот земјотрес во Скопје (26.VII 1963), Ѓорѓи Абаџиев бил евакуиран во Куманово. Претходно оболен тој починал 2 август 1963 година, на ден Илинден.  Неговите посмртни останки се пренесени на гробиштата во Бутел во 1968 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top