Македонски легенди

Илеш Шпиц

spic1

spic1

Илеш Шпиц (2.II.1902 – 1.Х.1961) е фудбалски репрезентативец на Унгарија и тренер на скопските клубови ФК „Граѓански“ (1938), ФК „Македонија“ (1941–1944) и ФК „Вардар“ (1960 – 1961). Во текот на Втората Светска Војна, како Унгарец со еврејско потекло, окупаторските власти во Македонија се обиделе да го интернираат во логор на смртта (1943), но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот „Македонија“, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По овој настан снимен е филмот „Трето полувреме“.

Илеш Шпиц е роден на 2 февруари 1902 во Будимпешта, Унгарија. Рано почнал да се занимава со фудбалот. Играл во Будимпешта за унгарските клубови Немзети (1916 до 1926) и Ујпешт (1926 до 1934 ). Славата ја стекнал како играч на Ујпешт, кога помага да го освојат „Купот на нациите“ во 1930 година, а потоа настапувал за швајцарските клубови „Сенкт Гален“ (1935) и ФЦ „Цирих“ (1935). За 20 години одиграл преку 1.000 натпревари и постигнал околу 600 голови. За репрезентацијата на Унгарија одиграл 6 натпревари и постигнал 3 гола.

По завршувањето на неговата играчка кариера во 1937 година, Шпиц се сели во тогашна Југославија, каде работи како тренер се` до крајот на животот. Од 1937 до 1939 година тој е тренер на фудбалскиот клуб „Хајдук“ од Сплит, а потоа доаѓа во Скопје каде станува тренер на ФК „Граѓански“ (1939). Во текот на Втората Светска Војна тој е тренер на ФК „Македонија“ (1941–1944), а по војната бил тренер на белградски „Партизан“ (1946 – 1955), со кого освојува две првенства (1947 и 1949) и три купа (1947, 1952 и 1954). Извесен период го тренирал белградскиот тим „Раднички“, а потоа доаѓа во својот сакан град Скопје, каде како тренер на „Вардар“ го затекнува смртта.

Во текот на својата работа како тренер Илеш Шпиц се истакнал како голем стручњак и фудбалски стратег, кој многу придонел за развој на хрватскиот, српскиот и македонскиот фудбал. Неговите погледи за фудбалската игра и неговата работа со играчите беа далеку пред времето во кое работел.

Во 1939 година започнува македонската приказна на унгарскиот тренер со еврејско потекло.

Илеш Шпиц од ФК „Хајдук“ од Сплит, доаѓа во Скопје за тренер на ФК „Граѓански“, кој под неговото стручно раководство станал прволигаш. На почетокот на Втората Светска Војна, во август 1941 година „Граѓански“ се спојува со другите градски скопски клубови (ССК, ЖСК, Победа и Југ) и го формираат фудбалскиот клуб „Македонија“. Шпиц останал главен тренер во клубот, а поголем дел од играчите на „Граѓански“ станаа дел од новиот тим „Македонија“.

Предводен од Шпиц, фудбалскиот клуб „Македонија“ кој станал член на Елитната дивизија на Бугарија, успешно се натпреварувал во Бугарската лига, а некои од играчите дури станале и репрезентативци на Бугарија. Успешноста на клубот и бројното присуство на натпреварите на кои  почнал да се чувствува македонскиот патриотизам, ги изненадува Бугарите, кои на секој чекор со застрашување се обидуваат да го спречат победоносниот од^ на „Македонија“.

spic2

Сепак, и покрај сите судиски неправди и застрашувања, Шпиц успева во 1942 година да го донесе клубот во финалето на лигата, која се играла во куп систем. Историскиот натпревар за шампион на Бугарија, меѓу македонскиот фудбалски клуб „Македонија“ и бугарскиот „Левски“, се одиграл на скопскиот градски стадион на 29 март 1942 година, пред околу 5.000 гледачи. „Македонија“ водел со 2:0, кога фудбалерите на „Левски“ дале нерегуларен гол, а кој бил признат од бугарскиот судија. Тоа ќе предизвика мешаница и бура од реакции кај навивачите, кои скандирале „Македонија, Македонија“. Судијата потоа го прекинува натпреварот и „Левски“ го добива натпреварот со службен резултат 0:3.  

spic3

Во овие натпревари екипата на Македонија предводена од тренерот Илеш Шпиц игра во следниот состав:

Васил Дилев (голман), Слободан Виданов, Живко Недков, Драган Геров – Гагуш, Блаже Симеонов – Гаер, Стојан Богоев – Гајда, Трајче Серафимов, Драган Луков – Аџијата, Светозар Атанасов, Јане Јанев, Кирил Симоновски Џина и Саво Цветковиќ.

Поголем дел од раководството и играчите на фудбалскиот клуб Македонија беа македонски патриоти кои беа тесно поврзани со Народноослободителното движење и во 1943 и 1944 ќе заминат во партизани.

Тренерот на Македонија Илеш Шпиц, како Евреин носел жолта ѕвезда и имал ограничено движење. Во март 1943 година заедно со другите Евреи од Скопје бил однесен во тутунскиот комбинат каде го чекал транспортот на смртта. Од раководството на фудбалскиот клуб „Македонија“ веднаш реагирале, барајќи негово ослободување. Поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот „Македонија“, Шпиц кој веќе бил депортиран за Треблинка, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје.

По Втората Светска Војна, новите власти на повоена Југославија, го викаат Илеш Шпиц во Белград да го тренира фудбалскиот клуб „Партизан“. Во овој клуб во кој биле регрутирани најдобрите играчи од целата земја, Шпиц од Скопје заминува заедно со играчот Кирил Симоновски Џинаво 1946 година. Шпиц останал на чело на „Партизан“, речиси цела една деценија помагајќи им да освојат неколку титули. Потоа извесен период го тренира белградскиот тим „Раднички“.

Во Скопје, Шпиц се враќа во 1960 година.

Тој го превзема ФК Вардар и веќе наредната година со Македонците го освојува Купот на Југославија. Во градот кој неизмерно го сака, тој ги поминува последните моменти од својот живот. На 1 октомври 1961 година, по натпреварот Вардар – ОФК „Београд“, кој неговиот тим го добива со 3:2, Илеш Шпиц добива инфаркт и умира во соблекувалната на градскиот стадион во Скопје.

Илеш Шпиц е легенда на Македонскиот фудбал.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top