Македонски легенди

Антон Кецкаров

AntonKeckarov

AntonKeckarovАнтон Ефтимов Кецкаров (12.XII.1865 – јануари 1945) е македонски револуционер, просветен и општесвен деец. Деец е на Македонската Револуционерна Организација од 1893 година. Во Илинденското востание бил член на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон на ТМОРО и охридски војвода во Долна Дебарца. Од 1923 година член е на Бугарските конституциони клубови, а потоа благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет, Илинденската организација од 1932 и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 година. Како и многу други македонски интелектуалци, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија, со цел да помогне за македонската кауза.

Антон Ефтимов Кецкаров (12.XII.1865 – јануари 1945) е македонски револуционер, просветен и општесвен деец. Деец е на Македонската Револуционерна Организација од 1893 година. Во Илинденското востание бил член на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон на ТМОРО и охридски војвода во Долна Дебарца. Од 1923 година член е на Бугарските конституциони клубови, а потоа благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет, Илинденската организација од 1932 и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 година. Како и многу други македонски интелектуалци, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија, со цел да помогне за македонската кауза.

Антон (Андон) Кецкаров е роден во 1865 година во Охрид, во големото семејство Кецкарови. Со основно образование се стекнува во Охрид и Струга, каде еден од учителите му е и Григор Прличев. Средното образованието го продолжил во гимназијата и военото училиште во Софија. По извесен период заминува за Солун, каде завршува гимназија во 1887 г.

Во 1885 година, уште како ученик, Антон е еден од иницијаторите за формирање на ученичкото друштво „Св. Климент“ во Охрид, кое ја поддржува охридската општина во споровите со Егзархијата, а потоа прераснува во училиште. Наредната 1886 година, дел од членовите на ова просветно друштво (Антон Кецкаров, Климент Заров, Лев Огненов, Јаким Деребанов, Никола Чудов, Иван Лимончев, Анастас и Христо Маџарови) формираат бунтовен кружок, а потоа агитираат низ селата на охридската каза за отварање на училишта и за организиран отпор против турските власти и албанските банди.

По завршувањето на школувањето во 1887 година учителствувал во Охрид (1887-1889), Битола (1889-1897), Солун (1897-1898) и Одрин (1898-1899). Во 1890 година, за време на своето учителствување во Битола, тој бил иницијатор за создавање на неделно училиште. Непосредно по основањето на ТМОРО во 1893 година, тој се вклучува во Организацијата и го користи неделното училиште во Битола за агитација и организациска дејност.

Во учебната 1899/1900 година, на барање на Организацијата, Антон се враќа во родниот град, каде учителствува и еден од раководителите на Македонската револуционерна организација. Тој како доректор ги потпомага охридските училишта и училишно-црковната општина.

На Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, Антон Кецкаров бил избран во Горското начелство на Охридскиот револуционерен реон. За време на Илинденското востание тој дејствува како охридски војвода со чета во регионот на Долна Дебарца. По одлуката на Главниот штаб за распуштањето на востаничките сили во октомври 1903 година, како и за засолнување на раководниот кадар од теренот, Кецкаров заедно со други раководители на Организацијата ја напушта земјата и преку Албанија и Црна Гора оди во Бугарија.  

Поради учеството на Антон Кецкаров во востанието, месните власти му се одмаздуваат на неговото семејство, кое го измачуваат и протеруваат од земјата, а домот му го разграбуваат. Се` до 1908 година тој останува во Бугарија каде работи како учител во бугарските градови Добрич, Каварна и Сливен. Во Македонија се враќа по Младотурската револуција и учителствува во Битола. Тој како и поголем дел од десницата на Македонската револуционерна организација станува активен во Сојузот на бугарските конституциони клубови во Битола, која како организација постои од септември 1908 до ноември 1909 година.

Во 1911 година Антон Кецкаров превзема активности за формирање на легална политичка партија, која е неуспешна поради промената на курсот во отоманската империја. Тој бил уапсен под обвинение дека е претседател на револуционерна организација. Пред избувнувањето на Првата балканска војна, бега во Бугарија, каде кратко учителствува во женската гимназија во Дупница.

Во Првата балканска војна, Кецкаров учествува во состав на Седмата пешадиска рилска дивизија. По демобилизацијата во 1913 година, тој се обидува повторно да се врати како учител во Битола, но е прогонет од новите српски окупатори. Поради тоа, тој учителствува во Пиринска Македонија и се вклучува во потпомагањето на багалците од Македонија. Во меѓувреме, како и многу други македонски интелектуалци, со цел да помогне за македонската кауза, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија.

Од февруари 1916 година, Кецкаров бил директор на прогимназијата во Битола. Пред заземањето на градот од војските на Антантата во ноември истата година, тој се извлекува од Битола и во текот на 1917 година учителствува во Скопје.

По Првата Светска Војна се пензионира и живее во новосоздадената населба „Модерно предградие“ во Софија, но не се повлекува од општествената дејност. Во 1922 година Антон Кецкаров бил воздигнат на степен мајстор на Великата масонска ложа и ги поставува основите на месното културно-просветно и благотворително друштво „Св. Кирил и Методиј“. Активно се вклучува во дејноста на легалните македонските емигрантски емиграции, особено во Илинденската организација. Кецкаров го помага и Македонскиот научен институт формиран 1923 година во Софија. По влегувањето во овие организации тој станува благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет од 1923 г., на Илинденската организација од 1932 г. и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 г.

По бугарската окупација на Македонија во 1941 година, Антон Кецкаров се враќа во родниот град со сопругата Екатарина и еден од синовите, Методи Кецкаров. Во 1942 година тој е еден од основачите на Охридската граѓанска фондација „Св. Климент Охридски“ чии цели се претежно добротворни. Во јануари 1945 година умира во Битола. Тогашната повоена управа  имајќи ги во предвид неговите заслуги и последна желба дозволува да биде погребан во родното место. Според последната желба на големиот мајстор на масонската ложа „Светлина“, веднаш по смртта тој бил донесен и погребан во црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top