Македонски легенди

Димитар Цанко

Korytsa Greek Urban School 1897

Korytsa Greek Urban School 1897

Димитар Цанко (1814 – 7. X. 1904) е македонски просветен деец од XIX век во Корчанско. По завршувањето на образованието, работи како учител во родното место се` до својата смрт. Меѓу населението бил познат како „Даскало“. Познавал повеќе јазици меѓу кои: својот македонски, старогрчкиот, новогрчкиот, албанскиот, романскиот и по малку францускиот јазик. Иако пишувал на грчки јазик или преведувал со грчко писмо, заради неговата преведувачка дејност, посебно на евангелието, како и борбата против елинизмот, дејноста на „Даскалот“ ја споредуваат со преродбенската активност на Димитар Миладинов.

Димитар Цанко е роден во 1814 година во големото корчанско село Бобоштица (денес во Албанија). Детството го поминува во родното село. По основното образование, Димитар Цанко завршил и гимназија во Константинопол, каде се стекнал со широко образование. Освен својот мајчин македонски јазик, говорел повеќе јазици меѓу кои: старогрчки, новогрчки, албански, романски и по малку францускиот јазик, кој го научил во Константинопол.

Еден дел од својот младешки живот Цанко живее и работи во Романија, каде голем број на Бобошчани кои бегаат од неповолните општестено-политички и економски услови во земјата, наоѓаат свое засолниште. Во Букурешт Бобошчани формираат свое друштво „Fratia de Bobosceni din Macedonija“.

На триесетгодишна возраст, Димитар Цанко се вратил во родното место каде станал учител. Учителствувал се до својата смрт, а кај народот станал познат како „Даскалот“. Активно се вклучил во борбата против Цариградската патријаршија иако своите спомени ги пишува на грчки јазик. Со оглед на неговите преводи од грчки на месниот македонски говор, особено евангелието, се смета дека неговото книжевно-просветно дело може да се спореди со преродбенската дејност на Димитар Миладинов, како и на други македонски преродбеници.

Еден од примерите за неговата активност против елинизмот, претставува писмото од 1873 година до егзархот Антим во Стамбол, кое Димитар Цанко го составува од името на своите соселани и свештениците. Писмото кое е потпишано од црковни лица и 17 мирјани, жители на Бобошчица, Цанко го напишал со грчко писмо на бобошчански народен говор. Во писмото покрај краткиот опис на селото, чие населението како изгубена евангелска овца се наоѓа среде арнаутлукот, се претставени и историските околности во кои селото станало царски имот, како и тоа кога половина жители избегале во Романија. Исто така, во него тој ја истакнува желбата на Бобошчани да го откупат селото, по одлуката на султанот Абдул Азис да ги продава “имљаците”. Оттука тие од егзархот бараат парична помош за таа цел.

Во наредната 1874 година, Бобошчица се ослободиле од „имљакот“. По тој повод Димитар Цанко одржал поздравен говор од кој е сочуван фрагмент. Текстот е пишуван со грчки курзив и е ист со правописот па колективното писмо до егзарх Антим од 1873 година. Самата содржина се надоврзува на претходно споменатото писмо до егзархот, при што во овој случај се предаваат попластични претстави за животот на македонското население.

Димира Цанко зад себе ќе остави пишани спомени кои ја расветлуваат историјата и битот на тој крај. Тие се пишувани на грчки јазик и претставуваат драгоцен извор за социолошките, духовните и воопшто за културните сфаќања во овој крај. Во нив, тој ги коментира поважните настани од последните векови и дава значаен материјал од две народни преданија. Тој пишува за настанувањето на Бобошчица и Дреновене од времето на Кралот Марко, како и за старата селска црква Св. Јоан. Исто така, дава значајни податоци и за исламизацијата и за албанизирањето на населението во Корчанскиот крај.

Во текот на својот долг и плоден живот, Димитар Цанко бил иницијатор и за превод на изборното евангелие од грчки на народен македонски говор. Преводот бил изведен за да се користи во неделната славјанска богослужба во манастирот Св. Богородица и во Св. Никола. Целиот кодекс содржи 47 листови, во кои се претставени три делови, а секој дел е самостоен според содржината, со исклучок на  текстот од евангелието на Матеј.

Првиот дел кој го пишувал Димитар Цанко е најголем и се состои од 25 листови, додека вториот е пишуван од поп Теодор Икономо, а третиот дел е пишуван од три анонимни пишувачи. Корчанско или Бобошчинско евангелие се применувало околу 30 години, или од 1880 до 1909 година. Всушност, се мисли дека потекнува од 1880 година, односно, дека тогаш бил завршен преводот, а не се исклучува можноста дека ракописот почнал да се преведува порано. Јазикот на преведениот текст е местниот говор на Бобошчица, а еден дел кој го пишуваат непознати раце има карактеристики на друг македонски дијалект, конкретно на нестрамскиот говор. 

Димитар Цанко умира на 7 октомври 1904 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top