Македонски легенди

Даме Крапчев

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Дамјан (Даме) Крапчев (1912 – 24. V 1944) е македонски партизан, првоборец, учесник во НОБ. Во август 1941 година учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша (Скопско) и бил политички комесар на Првиот скопски НОПО. Загинал во борба со бугарската војска и полиција.

Даме Крапчев е роден на 2 февруари 1912 во село Ивањица, Србија, во службеничко семејство. Кон крајот на истата година, неговото семејство се преселило во Прилеп, каде завршил основно училиште. Потоа учел во Чачак, Штип и Скопје, а во 1930 година се запишал на Правниот факултет во Белград.

Во 1937 година, Крапчев учествувал во формирањето на Спортското друштво „Работнички“ во Скопје, а во 1939 година станал член на КПЈ. Тој бил меѓу основачите на работничкото и комунистичкото движење во градот.

По формирањето на Првиот скопски партизански одред на 22 август 1941 година, Даме Крапчев – Стари бил назначен за негов политички комесар. Учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша (Скопско).

Поради отежнати услови за дејствување на 2 ноември 1941 година, Одредот се расформирал, а неговите борци влегле илегално во градот. На 17 април 1942 година, Даме Крапчев, Раде Јовчевски – Корчагин, Кемал Сејфула, Трајко Стојков и Ѓорги Саздовски влегле во составот на новоформираниот Втор скопски партизански одред и Крапчев повторно бил назначен за политички комесар.

На судскиот процес во Скопје, кој траел од 27 април до  9 мај 1942 година, во отсуство, Даме Крапчев бил осуден на смрт.

Во првата половина на 1943 година, Крапчев станал борец и во Скопско-косовскиот партизански одред, а од летото 1943 година во Шарпланинскиот НОПО и Косовскиот народноослободителен баталјон. Од 26 февруари 1944 година, тој влегол во Третата македонска народноослободителна ударна бригада.

Даме Крапчев бил убиен на 24 мај 1944 година, на планината Плачковица, во борба со бугарската војска и полиција за време на Пролетната офанзива.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top