Македонски легенди

Коле Канински

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Никола Тодоровски (18. I 1914 – 22. VI 1944) македонски комунист, учесник во НОБ. Еден од најистакнатите партизани и раководители на Народноослободителната борба во Битолскиот Регион. Загинал како политички комесар во Првата Македонско – Косовска бригада, при експлозија на мина на 22. јули 1944 година во село Брунец, кај Караорман.

Никола Тодоровски, познат како Коле Канински, е роден на 18 јануари 1914 година во Битолското село Канино. Своето основно и средно образование (гимназија) ги завршил во Битола. Во октомври 1933 година заминал на студии на Правниот факултет во Белград.

Додека бил студент во Белград, Канински како поповски дете, им помагал на посиромашните другари. Таму се запознал со марксистичкото учење, за Француската револуција и Париската комуна. Станал член на КПЈ во 1936 година. Истовремено интензивно се интересирал за историјата на македонскиот народ и македонскиот јазик.

По дипломирањето во 1938 година се вратил во Битола. Како адвокат ги помагал луѓето и продолжил со своите политички активности. Во 1940 година станал член на Месниот комитет на КПЈ во Битола, а во 1941 станал член на Првиот битолски месен воен штаб.  Поради својата револуционерна дејност неколку пати бил затворан од бугарската полиција, а неговото семејство било интернирано во Стара Загора, Бугарија.

На 6 октомври 1942 година се приклучил кон партизанските единици. Тој го организирал и станал командант на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Бил именуван за политички комесар на Првата македонска бригада на НОВ на Македонија, а бил избран и за делегат на Првото заседание АСНОМ.

На 22. јули 1944 година, при испробувањето на минофрлач кај селото Буринец на планината Караорман,  Коле Канински, кој бил политички комесар во Првата Македонско – Косовска бригада, загинал со Трифун Пановски  и уште тројца нивни соборци.

Најново од: Македонски легенди

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

To top