На прво место

Ѕвездата од Кутлеш се користела за време на Кралството Македонија

432px-Ethnic Macedonian flag with blue center

432px-Ethnic Macedonian flag with blue center
Кралското македонско знаме

Ѕвездата од Кутлеш е симболот кој го користат Македонците. Тоа е сонце со 16 краци и е симбол на македонскиот народ, земја и култура.

Во 1977 во селото Кутлеш беше откопана во еден археолошки локалитет и според името на селото Кутлеш, денес така и се нарекува симболот. Во гробот што бил откриен пронајдена е златна плоча со изгравирано сонце на неа. Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.

Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме.

Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16-краки ѕвезди или во полупростената верзија ѕвезда со осум краци.

Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, Светскиот Македонски Конгрес, македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година.

Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како сопствен симбол со тоа што Беломорска Македонија го има истото знаме, но со сина позадина.

Симболот и грбот на македонската општина во Албанија, Пустец, е официјален грб на општина Пустец. Грбот се состои од златна 16 крака Ѕвезда од Кутлеш на црвена основа. Над Ѕвездата од Кутлеш стои натписот Општина Пустец на македонски јазик, а додека на долниот дел стои натписот Komuna e Liqenas (Општина Пустец на албански јазик).

Grbot
Грб на Пустец

Грбот на ОМО Илинден – Пирин е официјален грб на политичката партија на Македонците во Пиринска Македонија.

На грбот е претставена зелена планина што ја симболизира Пиринска Македонија. Во позадина на планината е претставена Ѕвездата од Кутлеш и го симболизира македонскиот народ, територија, историја и идентитет.

Во подножјето на планината се претставени три цвета.

Македонците од Пиринска Македонија доста често го користат нашето национално знаме што се користеше до 1995 година.

Omo pirim logo
Грб на ОМО-Илинден Пирин- Политичка партија на Македонците во Бугарија

426px-Flag of Drugovo Municipality
Знаме на Општина Другово

432px-Flag of Makedonska Kamenica municipality
Знаме на Општина Македонска Каменица

Flag of the Republic of Macedonia 1992-1995
Знаме на Македонија од 1992 до 1995

smk
Грб на Светскиот Македонски Конгрес

Најново од: На прво место

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

To top