На прво место

Обраќање на Маноил Јаковлевски на отварањето на годинешниве НКС „Десет дена Крушевска република“

mane-govor-krusevo

mane-govor-krusevo

„Денот на Републиката – 2 Август“ е свет ден на македонскиот народ. Тоа е ден кога се удрија темелите на македонската државност, ден кога се потсетуваме на аманетот на нашите претци испишан со нивната крв на славното Крушево. Аманет да не се заборава, аманет да се сочува, но и аманет да се исполнува, да се оди напред со сочуван образ и чест, аманет достоен за Македонците, достоен за библиска Македонија.

Во годинава во која се одбележуваат 112 години од Илинденското востание 1903, од местото каде нашите претци, славните Илинденци ја најавија македонската државност, во името на Советот на научно културните средби, голема чест и задоволство да ги прогласи за отворени „Десет дена Крушевска република“ ја имаше подпретседателот на Советот на научно културните средби „Десет дена Крушевска република“ г-н Маноил Јаковлевски.

На прославата по повод „Денот на Републиката – 2 Август“ на кој беа присутни претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, пратеници, преставници од дипломатскиот кор, преставници на МПЦ, преставници на локалната самоуправа, Крушевчани, присутните гости, како и пред целата македонска јавност, Јаковлески во своето обраќање ќе потсети на славните денови кога Илинденците со својата крв го испишаа аманетот за идните генерации:

„Тука во славно Крушево симболот на македонскиот непокор, во 1903 година, 2-ри Август, ден Илинден, сите заедно, Македонци, Власи, Албанци-муслимани, Турци, Евреи, се дигнаа на вооружено востание за ослободување од вековното ропство.

Македонските востаници на Илинден со својата крв ги испишаа новите страници на македонската историја. Тие со својата крв го испишаа својот аманет.

Аманетот од нашите предци, моралот и слободата ни налага дека мора да ја чуваме нашата држава и да ја пренесуваме на нашите потомци. Света должност на секој од нас е да ги негува и никогаш да не ги заборава аманетите.“ – ќе истакне Јаковлевски.

Во својот говор тој ќе посочи дека „2 август, Илинден, ги поврзува идеалите на плејадата патриоти и генерации од 1903-та, 1944-та, 1991-та и хероите од татковинската борба во 2001-та и во 2015-та година во Куманово. Идеали кои ни даваат поттик да ја доградуваме државата, која се издига над илинденските темели.

Во деновиве кога ги одбележуваме двата Илиндени со голема почит, како и третиот Илинден започнат во 1991 година. Во годинава кога исто така, се одбележуваат 150 години од роденденот на Питу Гули, кој до последен здив го бранеше Крушево и Републиката, како и 110 години од загинувањето на Никола Карев, Претседател на Крушевската Република, Јаковлевски ќе укаже дека: „Ако со Крушевската Република се поставија темелите на македонската држава, со Вториот Илинден македонскиот народ се стекна само со ограничен суверенитет, на Третиот Илинден (8 септември 1991) македонскиот народ доби целосен суверенитет.“

Но, како што вели еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ, сега сме во времето на Третиот Илинден – Илинден, кој сеуште за жал, не е завршен. Односно дека овој „Илинден трае и ќе трае се додека македонската држава не стане член на ЕУ и НАТО.“

Во својот говор, Јаковлевски ќе изрази голема благодарност до претседателот на државата Проф. д-р Ѓорге Иванов, кој јасно им даде до знаење на сите оние кои сакаат да манипулираат со нашата определеност и иднина, како и тоа дека Македонија е држава која оддамна требаше да биде дел од големото европско семејство, но дека некоја друга држава или светска сила го попречува тоа.

Сигурен сум во победата на овој трет Илинден, бидејќи знам дека цврсто и без колебања чекориме на вистинскиот пат, ќе истакне Јаковлевски.

Говорејќи за патриотите на новото време и дека Македонија чекори по вистинскиот пат, подпретседателот на Советот на научно културните средби „Десет дена Крушевска република ќе рече:

„Да бидеш Патриот во 21 век треба со дела да покажеш како се сака и како се работи за својата држава и својот народ. Денешниот патриот гради, создава сегашност и иднина. Со Делата се градат темелите на успешна и просперитетна држава. Денешниот патриот гради патишта, училишта, болници, игралишта, создава услови за странски инвестиции, помага на старите, социјано загрозените.. Тоа е патриот денес.

На вистинскиот пат сме затоа што делата и патриотизмот на човекот кој од прв ден на неговото владеење, па до денес покажа и докажа како се сака и како треба да се работи за својот народ и својата државата. Таков современ македонски патриот кој со дела покажал и докажал што е патриотизам, е токму нашиот премиер Никола Груевски.“

На својот историски пат Македонија и македонскиот народ постојано наидувал на пречки, на разни искушенија. Пред само неколку месеци, ќе истакне Јаковлевски, бевме сведоци за обид на дестабилизација на државата од страна на криминална терористичка банда. Затоа, тој ќе ја искористи можноста од славното Крушево да им се поклони и да им изрази посебна чест и благодарност на нашите бранители, кои секогаш кога е најпотребно се на браникот на државата.

„Денес во Крушево им се поклонуваме на: Гоце, Даме, Карев, Питу Гули, Сандански, Александров, Камхи, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, Богдановски и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор.

Во славно Крушево, се поклонуваме и на сите бранители од 2001, се поклонуваме и на: Ненад, Горан, Жарко, Сашо, Бобан, Исамедин, Љубиша, Горан, тоа се имињата на загинатите Македонски бранители во Куманово оваа година, полицајци кои ги дадоа своите животи за Македонија.“- ќе рече Јаковлески.

Во своето завршно обраќање подпретседателот на Советот на научно културните средби „Десет дена Крушевска република Маноил Јаковлевски, пред да ги прогласи годинешниве Научно-културни средби “10 дена Крушевска република” за отворени и ќе му порача на македонскиот народ:

„ГЛАВАТА ГОРЕ БРАЌА И СЕСТРИ И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НАШЕ РАЗНЕБИТУВАЊЕ!

ДА ГО ЗАЦВРСТИМЕ МАКЕДОНСКИОТ КОРЕН, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ЛОЗАТА НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ, ДА СОЗДАВАМЕ МНОГУДЕТНИ СЕМЕЈСТВА , ЗАТОА ШТО САМО ТАКА МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ ЕДНА НАЦИЈА, ЕДЕН НАРОД, ЕДНА ДРЖАВА!

ДА ЖИВЕЕ, НАШАТА ЕДИНСТВЕНА И БЕСМРТНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! АМИН!

Бог да ја благослови библијска Македонија! Амин!

Македонска нација

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top