На прво место

На гробот на Драган Богдановски во Куманово, достојно да се одбележи ЧЕСТВУВАЊЕТО ЗА 8 СЕПТЕМВРИ

Dragan Bogdanovski 1
????????????????????????????????????

Dragan Bogdanovski 1Веб порталот МАКЕДОНСКА НАЦИЈА, СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС и Јанко Томов – Бризбен, Квинсланд, Австралија: На 8 септември, со панихида на гробот на Драган Богдановски во Куманово, достојно да се одбележи името и делото на идеологот и основачот на ВМРО-ДПМНЕ

8 септември се одбележува Денот на независноста на Македонија! Годинава се навршуваат 24 години од 8 септември 1991, кога на референдумот Македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна!

Догодина 2016, ќе чествуваме 25 години од независноста на државата Македонија, настан достоен за одбележување и во Републиката и меѓу Македонците во целиот свет и во сите делови на Македонија!

Македонското движење за сувереност и самостојност вткаи многу македонски борци, вгради многу жртви во темелите на државноста, и пред Херонеја и по Херонеја 338 пред нашата ера, и пред Илинден и по Илинден 1903, 1944, 1990 година…

8 септември заслужува достоен помен за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, кои ни го оставија аманетот да ја чуваме Македонија до бескрајот, бидејќи таа е Божјо откровение, како што Божја промисла се Македонците!

И од 1991 година поминаа децении во незаборав, изминатите 24 години се упокоија многумина од преостанатите преживеаните кои го дочекаа денот, да се радуват на независноста на Македонија! Им должиме на сите ним, на сите кои загинаа и умреа за Македонија помен и спомен со длабоко поклонение, затоа што ни ја подарија слободата и државноста на Македонија!

Заслужуваат помен и спомен и нашите соборци, браќа по крв и по вера за Македонија, кои се вградија во темелите на државноста, идеологот и основач на ВМРО Демократска партија за македонско национално единство Драган Богдановски (1929-1998 година), заедно со лидерите и членовите на предисторијата на ВМРО-ДПМНЕ: Македонкиот национален комитет (МНК), Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ), Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ), Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), Тајната национална македонска револуционерна организација (ТНМРО), Тајната национална македонска организација (ТНМО), Национално-ослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) во емиграција, се’ до Внатрешната македонска револуционерна органзација – Партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) во татковината, во Републиката, во Македонија!

Оттука и апелот, годинава, 8 септември, на гробот на Драган Богдановски во Куманово, Македонска нација и Светскиот Македонски Конгрес достојно да го одбележат името и делото на идеологот и основачот на ВМРО-ДПМНЕ со панихида за него и за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, со реферат од Мане Јаковлески како основач на ВМРО-ДПМНЕ, реосновач на електронското издание на списанието Македонска нација запрвпат отпечатена во 1971 година и соборец на Драган Богдановски и реферат за Македонија од Тодор Петров, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес формиран како неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет во 1899 година во Женева, Швајцарија, возобновен во 1990 година во Гевгелија, Македонија, во предвечеритето на распаѓањето на поранешна СФР Југославија!

И Мане Јаковлески и Тодор Петров се вградија во македонската кауза, оставија длабок впечаток како борци за Македонија меѓу Македонците во светот и во татковината, ја имаат почитта да се обратат на овие значјни датуми во поновата историја на Македонија.

Од годинава и за догодина, масовно и единствени, обединети и за Македонија заветени и посветени, да ги започнеме активностите за одбележувањето на 25 годишнината од независноста на државата Македонија на 8 септември 2016 година!

Тоа да биде семакедонска светска прослава, каква што заслужуваат сите вредни за спомен и помен Македонци, исполнета со радост на Македонците за државноста на Македонија по распаѓањето на поранешна СФР Југославија!

Упатно е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членовите на Извршниот комитет да имаат обраќања меѓу Македонците во светот и во татковината. Да се одржи импозантна Академија на 8 септември 2016 година во метрополата на државата Македонија и како свеченост за државноста и како комеморација за сите кои се вградија во темелите на Македонија низ милениумите, од кога постоиме!

Чествувањата да бидат во сите поголеми центри на македонските заедници во светот, меѓу Македонците во соседството и во главниот град на Република Македонија!

Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ и ограноците на Светскиот Македонски Конгрес, секако носат поголем дел од активностите за достојното одбележување на ова семакедонско чествување годинава и посебно 2016 година.

Јанко Томов со саможртва и дело за Македонија, во Австралија ќе прочита реферат пред Споменикот на паднатите борци од војните во Кингс Перт, Западна Австралија или центарот на Мелбурн, Викторија.

Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста на Македонија!

Сите Македонци еден за друг! Македонија вечна! Господ да ги благослови Македонците и Македонија!

All Macedonians for one another! Macedonia timeless! God bless the Macedonians and Macedonia!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top