На прво место

СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2016 ГОДИНА И ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

srekna-nova-2016

srekna-nova-2016

Македонска нација

СО  БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ  НЕКА Е СРЕЌНА И  БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2016 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.

Еве и Новата Година ни дојде, избега уште една, и успешна и плачлива и добра и лоша година, и тоа од оние поголемите години, кога се случуваат милиони нешта, година од оние што се забележуваат.

Во новата година да си посакаме за нашата Македонија да има среќа.

Во Новата 2016 Година да посакаме да се постигне политичко единство, во име на оваа и сите идни генерации, во име на оваа наша Македонија.

Македонската  историја е преполна со примери за предавства и за крвави братоубиствени пресметки – време е сето тоа да престане.

Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, ние сме стоици и чесни луѓе и тоа така треба да биде низ милениумите, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени.

Да се промовираат решенија, економска стабилност и уште повеќе инвестиции, што на овие луѓе кои ја сакаат својата земја и сакаат да останат тука во оваа Македонија, да им заблеска насмевката на лицето и задоволството од пристоен живот.

Македонците кои се надвор од границите на Македонија да бидат горди, да си дојдат дома кога ќе посакаат и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија.

Во македонската јавност да престане да се внесува конфузија што нè закопува во место, додека покрај нас поминуваат балкански возови кон Европа. Во Македонија да продолжат реформите кон Евроинтегрирањето.

Европа нема да биде обединета ако земјата на Филип, таткото на Александар Македонски, кои пред неколку илјади години го започнале обединувањето на народите, не биде рамноправен партнер со останатите држави во Европа и во светот.

Да ја прославиме и дочекаме Новата 2016 Година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин. Да ги отвориме срцата и да посакаме Македонија да продолжи со реформите, успесите и подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце.

На нашите Македонски војници кои се далеку од нас и го штитат меѓународниот мир заедно со другите војници од многу демократски држави, да им посакаме да ни се  вратат здрави и живи во Македонија, да бидат меѓу нас и меѓу нивните семејства, и да им порачаме дека ние сите секојдневно со мислите сме со нив.

Браќа и сестри, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2016  ГОДИНА И ВЕСЕЛИ  БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top