На прво место

Единаесет припадници на АРМ добија медал за постигнување во СЕЕБРИГ

Доделени Медали за постигнување на припадници на АРМ кои биле на служба во СЕЕБРИГ

Доделени Медали за постигнување на припадници на АРМ кои биле на служба во СЕЕБРИГ
Единаесет припадници на АРМ кои биле на служба во Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ денеска добија „Медал за постигнување“.

Медалите се доделуваат на лица кои успешно работат повеќе од една година како припадници на основниот штаб на СЕЕБРИГ, а ги врачи командантот на Бригадата на Југоисточна Европа, бригадниот генерал Зибер Душку. На свеченоста во Домот на Армијата на Република Македонија присуствуваа и министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.

За министерот Коњановски доделување на медалите значи поттик за понатамошна соработка и успех за досега направеното во однос на регионалната соработка заедно со другите земји членки од регионот со кои АРМ учествува во процесот СЕДАМ.

Началникот на ГШ на АРМ Стојановски истакна дека тоа не е признание само за индивидуалните достигнувања, туку е признание за сите припадници на армијата, додадвајќи дека бригадата ја исполни целта за мир и стабилност во регионот.
Мирослав Стојановски
– Научените лекции од учеството во активностите на бригадата, како и од мисиите, за нас се од огромно значење, а припадниците на АРМ кои успешно ги извршуваа задачите, на најдобар можен начин го дадоа својот придонес кон градењето на интероперативноста и имплементацијата на стандардите на НАТО, што е најголемата придобивка не само на АРМ туку и на останатите припадници на армиите кои се во составот на бригадата, рече Стојановски.

За сериозноста со која АРМ му пријде на учеството во СЕЕБРИГ, како што посочи, говорат високите оценки од инспекцијата на обученоста на декларираните единици и на беспрекорното извршување на сите задачи и преземени обврски во рамки на иницијативата.

Зибер Душку, Командантот на Бригадата на Југоисточна ЕвропаКомандантот на Бригадата на Југоисточна Европа, бригадниот генерал Зибер Душку посочи дека СЕЕБРИГ служи како инструмент за постигнување на одрдени цели и претставува симбол на мирот и стабилноста во регионот. – Да работиме заеднички за да го зачуваме овој симбол, порача Душку.

Република Македонија како активна членка на регионалната иницијатива, во штабот на СЕЕБРИГ учествува со припадници на АРМ од формирањето на бригадата. 

Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа, кој во 1998 година го потпишаа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција.

Во дванаесетгодишното постоење на СЕЕБРИГ изведени се повеќе вежби на кои покрај декларираните единици, учествувале над 100 припадници на АРМ.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top