На прво место

Стари бели мажи ја уништуваат Македонија зашто романтично гледаат на Грција

Бил Николов, претседател, Македонското меѓународно движење за човекови права

Стари бели мажи ја уништуваат Македонија зашто романтично гледаат на Грција

Секој ден слушам стари бели мажи кои дискутираат како ќе ја сменат МОЈАТА етничка припадност, името на мојата земја, мојот идентитет, јазик и историја – само за да им удоволат на нашите потчинители кои нe` го одрекуваат правото на постоење.

Замислете ова да ви се случува вам и на вашата етничка група. Ова е надреално.

На пример, еден од овие луѓе кои ги споменувам е Специјалниот пратеник на ООН, Метју Нимиц (без навреда, Мет). Тој е задолжен да биде „медијатор“ во вештачи создадениот, антимакедонски и спротивен на човековите права „спор за името“ меѓу Македонија и Грција. Како е можно да постои работно место создадено да се смени вековна националност за да се удоволи на најлошиот прекршител на човекови права во Европа не ми е јасно, зашто тоа е спротивно на секоја конвенција за човекови права зад која Западот тврди дека стои.

Грција се обидува да ја принуди Република Македонија да го смени името за да продолжи со својата политика на негирање на постоењето и на прогонување на големото македонско малцинство во Грција. Ова е поента која ја призна поранешниот грчки премиер, Константин Мицотакис, во 1995 година. И други грчки лидери го признале очигледното – дека Грција го негираше постоењето на Македонија до 1988 година, кога одеднаш почна да ја присвојува Македонија. „Прашањето за името“, како што и самите признаваат, нема никаква врска со името на Македонија. Проблемот е негирањето на грчкиот културен геноцид над македонскиот народ, кој продолжува и денес.

Македонија беше поделена во 1913 меѓу Србија, Бугарија, Грција и, подоцна, Албанија, и секоја од овие земји се обидуваше – а во некои случаи и с? уште се обидува – да го избрише нашето постоење. Овие земји се обидувале со различни политики, го негирале нашето постоење, привремено го признавале, па се враќале кон старите тоталитарни пракси, ја забранувале употребата на нашето име, па го присвојувале нашето име, некогаш и нашиот етнички идентитет, а некогаш тврделе дека нашот етникум всушност му припаѓа на еден од нашите соседи. Би можел и да продолжам. Затоа, прашањето е следново: Како можат Македонците да се Бугари, Грци, Срби и Албанци во исто време. Македонија е македонска. Ама не дај боже да надвладее здравиот разум.

Да се вратиме на романтизирањето на Грција од страна на Западот кое доведува до обезвреднувањето на целата моја етничка група.

Кога се сретнав со Метју Нимиц еден ден во неговата канцеларија во Њу Јорк, првото нешто кое тој ми го кажа беше „Само што ја дочитав „Грција – Нерелевантната република““. Во таа своја колумна пишував за тоа како потчинител не може да го смени името и идентитетот на потчинетиот за да ги прикрие ужасните прекршувања на човековите права против нив. Со други зборови, еден на изглед непотребен, но трагично неопходен текст. Го прашав господинот Нимиц дали наиде на некој мој аргумент во тој текст за кој мисли дека е неточен. Не рече ништо.

Следното нешто што ми го рече беше: „Од почит и наспроти грчкото противење, ќе Ви се обраќам како Македонец во текот на нашата средба“. Требаше ли да прославам? Подоцна, неговата секретарка ме замоли да го викам „Мет“, а не „Господин Нимиц“. Така и сторив. Но во меѓународни кругови ќе го викам „Боб“, и ќе сторам сe` да се признае неговото меѓународно име. Но, тој не треба да се грижи. Нему пак ќе му дозволам да се вика „Мет“.

И тука лежи апсурдот на вештачкиот „проблем со името“. САД и Европската унија, на барање на Грција, тврдат дека Македонија мора да го смени името за меѓународна употреба за да и удоволи на Грција, но би можеле да ни „дозволат“ да се нарекуваме Македонија за внатрешна употреба и никаде на друго место. Супер. Фала.

Што се случи со сите случаи пред Европскиот суд за човекови права во кои Македонија ПОБЕДИ пред Грција и Бугарија за тоа што не’ го оспоруваат правото да постоиме како што сме – Македонци? Што се случи со барањата на Обединетите нации овие земји веднаш да ги признаат Македонците и да престанат да ги прекршуваат нашите човекови права? Поголемиот дел на светот ја признава Македонија, а сепак или не знае или е соучесник во грчките тактики да не’ избришат од постоење.

Ќе ве замолам пак – ставете се во наша кожа. Да беше во прашање вашата етничка група, вие со право ќе очекувавте сите да се стават во ваша одбрана. Македонците се’ уште чекаат. Изненадете ме. Стапете во контакт со мене и прашајте како да помогнете. Или, уште полесно, како што прави Македонското меѓународно движење за човекови права уште од прогласувањето на македонската независност, едноставно барајте да престанат антимакедонските преговори за името и објавете пред светот дека Нашето име е Македонија. Од секогаш било така. И се надеваме дека така и ќе остане.

Во текот на мојата средба со Боб/Мет, посочив дека првиот ООН преговарач за името, Робин О Нил, си даде оставка и даде јасна поддршка на Македонија изјавувајќи „Македонија не смее и нема да го смени името за да и удоволи на Грција. Ако Македонија подлегне на притисокот и го смени името, ваквите настани ќе и дадат уште повеќе сила на Грција додека таа не ја постигне својата крајна цел – Македонија да исчезна од мапата“.

Го повикав и вториот медијатор на ООН да го следи овој пример, веднаш да си даде оставка и да ги почитува клучните принципи на ООН – Универзалната декларација за човекови права – и да стави крај на отворено расистичките и незаконски преговори за името.

Боб, морам да те прашам нешто. Во текот на нашиот состанок, ти ми кажа дека си по потекло Евреин. Што ако ти кажев: „Од почит, ќе ти се обраќам како Евреин“, но дека неуморно ќе работам, секој ден, да ти го сменам етничкиот идентитет и да ги избришам сите прекршувања на човековите права кои ги трпел твојот народ?

Заради сите вас, бранете го моето право да постоиме. Ние сме народ. И Нашето име е Македонија.

Бил Николов, претседател
Македонското меѓународно движење за човекови права

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top