На прво место

Република Македонија Ерга Омнес

omd

OMD

Република Македонија Ерга Омнес

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во контекст на новонастаната загрижувачка ситуација во татковината предизвикана од крајно несериозното, не-државничко и деградирачко делување на претставниците на двете најголеми политички партии на Македонците во Република Македонија, по повод исходот од средбите во Њу Јорк и Брисел, и продолжување на преговорите на името, го изјавува следново:

Со последниот предлог за промена на името за севкупна употреба вкучувајќи и промена на Уставот на Република Македонија, владата на Република Македонија изврши предавство на нацијата и се обидува сериозно да ја наруши независноста и суверенитетот на државата, ставајќи се во служба на силите кои вршат идентитетски, историски и културен геноцид на Македонскиот народ. Со аматеризам и полтронство, без трошка визија, самопочит и без никаква заложба за почитување на основните и универзални вредности за рамноправност, со дигнитет и меѓусебна почит, се прават обиди за уништување на вековниот идеал на Македонецот за сопствена држава создадена врз Крушевскиот Манифест и Асномската Декларација. Со своето полтронство и аматеризам, подпомогнати од невладини активисти со сомнителен кредибилитет, професионализам, етика и морал, финансирани од извори кои спроведуваат национални интереси на туѓи држави, сериозно ги загрозуваат угледот на Македонската држава, достоинство и иднина.

Во овој момент, сите ние имаме историска одговорност, користејќи ги демократските средства, по мирен и разумен пат, по примерот на Ганди и Мендела и следејќи ги идеалите на Гоце Делчев, да го одбраниме тоа што е наше, за нас и нашите поколенија.

Поради горенаведените причини, ОМД го повикува Македонецот без разлика на својата етничка, верска и идеолошка припадност и определба во Република Македонија и Дијаспората, на следниве чекори и активности:

  • Го повикуваме народот на зголемена активност, организирање на мирни протести и јавни манифестации како начин на изразување на несогласност со деструктивните политики во Република Македонија.
  • Ги повикуваме македонските медиуми на транспарентност на националното незадоволство наместо лажирање на национален концензус во прилог на актуелните политики.
  • Ги повикуваме интелектуалниот кор во државата да го поттикнат својот народ во одбрана на Уставот на Република Македонија.
  • Ги повикуваме македонските економски сили во Република Македонија и Дијаспората да се организираат со финаниска поддршка кон одрбана на унитарноста, уставноста и идентитетот на државата.
  • Повикуваме на соработка и формирање на координативно тело помеѓу партиски членови од сите Македонски партии кои ќе работат за спречување на референдумско изјаснување, како би се спречило легитимизирање на уставните и идентитетски промени на Македонија.
  • Ги повикуваме организациите на Македонците во дијаспората на одговорност, активност и организираност со цел да им помогнеме на нашите сонародници во Македонија да го одбранат Уставот и сувереноста на Република Македонија. Притоа, повикуваме на претпазливост и индивидуална одговорност, со напомена дека секоја избрзана некоординирана активност на поголемите организации во дијаспората, брз база на компромис и изразена согласност, базирани на презентирана програма и цел, можат да доведат до несогледлив колапс и разочарување во дијаспората, со непожелни последици за нашите браќа и сестри во Македонија.

Вистината, желбата, патриотизмот, разумот, активноста, исклучиво по мирен и демократски пат се единствениот можен излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија, поради што ОМД повикува на здружено делување, затоа што – за сите нас се работи.

За Република Македонија.

Обединети Можеме.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top