На прво место

Договорот Заев-Ципрас е неважечки, меѓународни договори склучува само Претседателот

Професорот по право на Штипскиот универзитет и член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, тврди дека македонскиот Устав единствено му дава право на претседателот да преговара, договара и склучува меѓународни договори, а не на владата.

– Овие преговори кои што се водат се тотално правно нелегитимни. Впрочем македонскиот уставен систем предвидува, стручно да се изразам, бицефална извршна власт. Тоа значи дека ние немаме само претседател и само премиер. Туку имаме и претседател и премиер. Премиерот го избира собранието, претседателот на државата како шеф на државата, на Републиката го избираат граѓаните. И од тука Уставот му ги дава нему ингеренциите да преговара договара и да склучува меѓународно договори. Не на владата, никако на владата. Значи само во одредени ресорски технички работи, образование, култура како што ги наведува – вели тој.

Според Апасиев советниците, Заев и министерот за надворешни работи, поради нивното слабо познавање на правото го забораваат дека немаат правна основа да склучуваат вакви договори. Станува збор за Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Според Член 3 од овој закон вели Апасиев, меѓународните договори, во име на Републиката ги склучува Претседателот на Република Македонија, а не премиерот.

– Сите го забораваат тоа, особено советниците овие кој ги споменувате на премиерот. Сите тие бидејќи се слаби во своите капацитети правни, бидејќи забораваат еден закон донесен во време на Киро Глигоров и претседател на Собрание бил Тито Петковски. Тоа е указ за прогласување на Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Според овој закон во Член 3, меѓународните договори, во име на Републиката ги склучува Претседателот на Република Македонија. Не премиерот, претседателот. Така што јас верувам дека за разлика од Законот за јазици, претседателот беше само пропратна фигура во процедурата кој има право на вето, суспензивно или џебно. Тука претседателот е примус, премиерот е секундус, ме разбирате. Значи претседателот е главниот играч. Не можете вие само да го брифирате, тој ги води потезите, од тука јас не верувам дека претседателот ќе потпише таков договор – вели Апасиев.

Извор:https://republika.mk/926867

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top