На прво место

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Никола Мицевски, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Непочитувањето на законите во Република Македонија е во сите пори на општеството. Организирано и без срам, се злоупотребуваат буџетски пари и се трошат немилосрдно за вработувања кои се незаконски и во сите фази и без критериуми.

Имено, само во 2018 година, односно за период од само седум месеци, во државната и јавната администрација, според наши анализи, објавени се околу 140 огласи за вработување на неопределено време, административни службеници во 100 институции, за 450 извршители односно 450 нови вработувања.

4.300 огласи за вработување на определено време (по ЗРО), во 700 институции, за 5.500 извршители, односно 5.500 нови вработувања.

Вкупно за седум месеци од 2018 година, приближно 4.400 огласи, во над 700 институции, за повеќе од околу 5.900 нови вработувања. СДСМ вработува спротивно на сите препораки од ЕУ, спротивно на сите позитивни прописи за вработување во Република Македонија, затоа гласно упатуваме прашање за надлежните Министерства и јавна претставка доколку сѐ уште постојат Државен управен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Државен завод за ревизија.

1. Колку се почитуваат годишните планови за вработување?

2.Дали во Агенцијата за администрација постои некој кандидат што не положил испит за административно управување и за административен службеник и дали директорот ќе поднесе оставка доколку со докази му предочиме пристрасно и непрофесионално работење?

3.Колку годишни планови за вработување за 2018 година, добиле согласност од МИОА и од МФ после законскиот рок?

Исто така, го прашуваме Министерот за финансии и одговорните лица во Министерството за финансии:

1. Колку согласности за вработување се издадени за 2018 година, а се однесуваат на Буџетската 2018 и колку од нив се однесуваат за вработување на неопределено време, колку за определено време, а колку се за ангажирање на работници преку агенции за привремени вработувања?

2.Кои се институциите за кои се издадени согласностите?

3.Дали за сите овие вработувања биле однапред планирани средства во Буџетите на институциите согласно член 17 од Законот за Буџет?

Сите овие прашања ќе бидат доставени и во писмена форма до сите надлежни институции, како и до Министерството за финансии и очекуваме брз одговор согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Граѓаните и даночните обврзници имаат право, а вие имате обврска да дадете отчет за сите потрошени пари!?

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top