На прво место

ОМД го повикува Македонскиот Премиер Зоран Заев на оставка

omd

OMDОМД го повикува Македонскиот Премиер Зоран Заев на оставка

Македонските гласачи се одзваа на референдум за промена на уставното име на Република Македонија во Северна Македонија. Излезеноста на гласачите беше помала од 37% од вкупниот број регистрирани гласачи на единствениот гласачки список, со што референдумот се карактеризира како невалиден според македонскиот устав. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) – водечкиот глас на македонците надвор од Македонија, неуспехот на референдумот се едначи на дебакл на владеачката коалиција предводена од Премиерот Зоран Заев, поради што ОМД повикува на итна и неотповиклива оставка на Премиерот Зоран Заев и Министерот за Надворешни Работи Никола Димитров.

Референдумот не се однесуваше на волјата на македонскиот народ да се приклучи кон НАТО и ЕУ, туку напротив, референдумот се однесуваше на отпорот на народот да го промени името на својата земја со цел интеграција во ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО се организации во кои владеат принципи на демократија и право на самоопределување. Следствено, условеноста на Македонија да го промени своето име во евро-атлантската заедница, се противи на основните принципи на ЕУ и НАТО.

Улогата на Русија која од историски аспект е во интерес на географската поделба на Македонија, не остава простор за нејзина интерпетација на „жртвено јагне“ во борбата на македоскиот народ за негово признавање. Подолго од еден век трае борбата на македонскиот народ за своето право на самоопределување, со прогласување државност во 1944 година и суверена независност во 1991 година со која се стекна по пат на референдум.

Воедно, ОМД го поздравува говорот на Претседателот Ѓорѓе Иванов во Обединетите Нации во која прилика остро го критукува Преспанскиот Договор. Договорот и дава неограничена моќ на Грција да се меша во македонските внатрешни афери, со кој ја става Македонија во потчинета позиција во однос на својот јужен сосед. Спротивно од Премиерот Зоран Заев, Претседателот Иванов се огради од договорот кој според него е прекршување на основните човекови права, поради што и самиот се изјасни за воздржаност од учество со глас на референдумот.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top