На прво место

Претседателот Иванов му ја врачи наградата „Борис Трајковски“ на Бернд Поселт

ivanov-20100529

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во претседателската резиденција му ја врачи наградата „Борис Трајковски“ на Бренд Поселт, член на Европскиот парламент.

ivanov-20100529
– Радосен сум што денес еден докажан пријател на Македонија ја добива наградата “Борис Трајковски“, пријател кој, повеќе од две децении силно ја поддржува македонската независност и правото на национален идентитет и просперитет на нејзиниот народ. Бернт Поселт ги следи своите политички идеи, принципи и идеали доследно, а не под влијание на дневната политика. Тој е силен глас во Европскиот парламент за правата на сите помали европски држави на сопствен идентитет и интегритет, рече претседателот Иванов.

На врачувањето на наградата, Иванов истакна дека Паневропската унија континуирано го поддржува развојот, продлабочувањето и проширувањето на Европската унија и оти придонела за постигнување на Лисабонскиот договор што е уште еден чекор во насока на географското и политичкото обединување на цела Европа во рамките на ЕУ.

Според него, преку ширењето на идејата за обединета Европа, најдобро се бориме за европските вредности и идеали, слободата, демократијата, владеењето на правото, но и забраната за кршење на индивидуалното право на идентитет и достоинството.

– Европа, која се темели на тие вредности, треба да остане достојна на големата визија за обединет и отворен континент. Затоа, ги охрабруваме нашите европски партнери, во нивниот пристап кон Македонија да останат доследни и принципиелни. Ги охрабруваме што почесто да го користат компасот на обединувањето и единството. Лисабонскиот договор ни ја нуди шансата. Во име на заедничката иднина, во име на аманетот на оние кои го градеа обединувањето, денешното лидерство во Европа треба да покаже визија и да ја искористи можноста, нагласи претседателот Иванов.

Според Поселт, Македонија заслужила да добие нобелова награда за мир за тоа што го сторила во 1999 година со бегалската криза и за мирното напуштање на Југославија.

– Оваа награда за мене лично е огромен поттик да работиме, да ја обединиме Европа врз основа на помирување. Македонија не треба да влезе во Европа. Вие сте европска земја, земја од срцето на Европа, рече Поселт.

Меѓународниот претседател на ПЕУ, Ален Тереноар уште еднаш ја повтори поддршката на ПЕУ за Македонија.

– Македонија во Паневропската унија има пријател и поддржувач кој ќе ги застапува нејзините легитимни интереси, истакна Тереноар.

ПЕУ е формирана во 1923 година како движење што го трасираше патот кон единството, мирот и напредокот. Повеќе од 60 години работи на пораката за голема, обединета Европа.

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

23 Октомври – завет што нè обединува, Македонија што нè обврзува! Постојат датуми што ги запишуваме во календарот и датуми што ги носиме во срцето. За македонскиот народ, 23 Октомври е завет: да ја сакаме татковината, да го чуваме своето и никогаш да не ја заборавиме цената на слободата. На 23 октомври 1893 година, во […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top