На прво место

Уметниците со концерт ќе го бранат името

kaliopi-edno-ime-imame
Под мотото „Уметниците со љубов за името“ на 8 јуни нa плоштадот „Македонија“ ќе се одржи концерт насловен „Македонија е нашето име“.

kaliopi-edno-ime-imame
На концертот ќе настапат познати уметници и музичари од македонската естрада меѓу кои Борис Трајанов, Славица Галиќ-Петровска, Драган Даутовски, Васил Атанасов, Ефтим Клетников, Андријана Јаневска, Влатко Илиевски, Некст Тајм, КУД „Кочо Рацин“, КУД „Орце Николов“, ….

Поетот Ефтим Клетников на денешната прес-конференција во СОКОМ информира дека се работи за една енергија на љубов, самопочит и самопотврда во овие, како што ги нарече, тешки времиња за нас, бидејќи 20 години се врши притисок врз Македонија да го промени името. Според него, тоа е единствен пример на таков начин да се отстрани народот од својот идентитет.

– Името еднинствено Македонците го сочувале низ историјата, биле истерувани на голгота, но го зачувале. Ние сме изведени сега на софистицирана, перфектна голгота, со еден потег да се избришеме и тоа без крв и без битка. Мислам дека уметниците се тие кои по дефиниција го тангираат идентитетот, се сложија да ја дадат духовната енергија и да покажеме дека постоиме и ќе постоиме под изворното име, кое не го даваме и имаме право да го чуваме и да го заштитуваме. Со овој акт се прекршуваат сите меѓународни и правни норми на индивидуалното и колективното право на човековите слободи, рече Клетников.

Баритонот Борис Трајанов посочи дека уметниците и научниците се пред се индивидуалци со свои ставови за тоа што треба да се прави, но, како што потенцира, сите ги поврзува тоа што се чуствуваат како Македонци.

– Ние не треба да преговараме туку да разговараме за името со Грација. Ако тие сметаат дека Македонија била грчка, дека народот што живеел во античко време бил грчки, тоа е нивно право, ние си знаеме што сме, но имаме една заедничка судбина и наместо да преговараме за тоа како да го смениме треба да разговараме како тоа име да биде уште посветло и поблескаво насекаде низ светот, појасни Трајанов.

Тој смета дека името „Македонија“ треба да ги поврзува нашата татковина и јужниот сосед. За него тезата дека Македонците се скептици за влез во ЕУ бидејќи сакаат да си го задржат името е нелогична, бидејќи, како што посочи, тие сакаат да се во Европа, но не преку непристоен предлог.

Идејата за концертот, според Васил Атанасов, е да упатат уште еднаш порака до Европа дека уметниците со љубов прават нешто за Македонија и ја претставуваат пред светот.

Најново од: На прво место

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

To top