На прво место

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прославува 20 години од формирањето

grb-vmro-dpmne-90
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја одбележува 20 годишнината од формирањето. Централната прослава на роденденот под мотото „За татковината се работи – 20 години ВМРО-ДПМНЕ“ ќе се одржи вечер во 20 часот во центарот на Скопје.

На оваа прослава и претходеа серија настани како промоции, трибини и дебати, во врска со одредени теми поврзани со историјатот на партијата и актуелни настани.

grb-vmro-dpmne-90ВМРО-ДПМНЕ е основана на 17 јуни 1990 година во Скопје, како наследник на историското ВМРО, кое се залагаше за независна и самостојна Македонија. Новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ од формирањето се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање.

Првиот конгрес на партијата се одржа на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп. Мотото на Конгресот беше „Самостојна и независна Македонија – Воскреснување на идејата за самостојност“. За прв претседател на партијата беше избран Љубчо Георгиевски. На 6 и 7 мај 1995 година во Кичево се одржа вториот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, каде партијата ја доби својата идеолошка определба – демохристијанска партија што дејствува десно од центарот.

Актуелниот претседател на партијата и премиер Никола Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ беше избран на конгресот што се одржа на 24 и 25 мај 2003 година во Охрид.

Новоформираната ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратенички места – 38 на првите повеќепартиски парламентарни избори во Република Македонија во ноември 1990 година. Поради забелешки за нерегуларности, партијата ги бојкотираше парламентарните избори во 1994. На следните во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ победи со освоени 49 места во Собранието и заедно со партанерите од коалицијата „За промени” ја формира Владата што ја предводеше Љубчо Георгиевски.

На четвртите парламентарни избори во септември 2002 година ВМРО- ДПМНЕ настапи во коалиција со ЛП и доби 33 пратенички места.

Партијата се враќа на власт во 2006 по победата на петтите парламентарни избори. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 44 пратенички мандати. Мандатот за формирање нов владин кабинет му беше даден на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за претседател на владата.

Пратеничкиот состав во Собранието избран во 2006 година функционираше до 12 април 2008 кога парламентраците донесоа одлука да се самораспуштат и да бидат распишани превремени парламентрани избори на 1 јуни. ВМРО-ДПМНЕ повторно ја освои довербата на гласачите, освојувајќи заедно со партнаерите од коалицијата „За подобра Македонија“ 63 места во 120- членото Собрание. Владиниот кабинет повторно го состави Груевски.

На вечерашниот митинг кој е заокружување на 50-дневните активности по повод 20-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ предвидено е да говори нејзиниот претседател Никола Груевски, како и дел од основачите на партијата.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top