На прво место

СДС до вчера тврдеа дека власта го пуштила да избега, а денес зборуваат за договорено обезбедување пред органите на прогонот

na-granicniot-premin-blace-lisen-od-sloboda-artan-grubi-image

na-granicniot-premin-blace-lisen-od-sloboda-artan-grubi-image

Од „бегство“ до „договорено предавање“ на Артан Груби!

Револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи во случајот со Артан Груби да го пуштат од слобода да се брани е разбирлив и оправдан.

Недовербата кон системот не се појави преку ноќ, таа е резултат на долгогодишно разочарување. Тоа незадоволство произлегува од седумгодишна агонија во која правосудниот систем беше изложен на силни политички притисоци, селективна правда и сериозна неказнивост. Граѓаните со години гледаа како одговорноста се избегнува, а случаите се развлекуваат без јасна разрешница.

Во тој период јавноста сведочеше како поединци од политиката, од просечно ситуирани граѓани, се трансформираа во моќни олигарси, на грбот на народот.

Перцепцијата дека постојат „недопирливи“ создаде длабоко чувство на неправда и дополнително ја урна довербата во институциите.

Но, токму затоа овој процес е тест за системот.

Судскиот процес за Артан започнува, а институциите имаат обврска да постапуваат доследно, транспарентно и неселективно.

Извршната власт во овој случај имаше должност да го обезбеди неговото присуство пред органите на правдата – обврска што беше спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

Дополнителна конфузија создава променливиот политички наратив.

Од СДС до вчера тврдеа дека власта го пуштила да избега, а денес зборуваат за договорено обезбедување пред органите на прогонот. Ваквите контрадикторности не придонесуваат кон расчистување на вистината, туку ја продлабочуваат недовербата.

Од СДС стравуваат дека со апсењето на Артан Груби ќе се разоткријат сите врски, договори и интереси – кој му овозможувал простор за делување и со кого ги делел бизнис-интересите.

Јавноста очекува одговорност. Доколку постои вина, таа мора да биде утврдена низ фер и транспарентна постапка. Судскиот процес за Артан може да биде почеток на поширока институционална расчистка. Ако се утврдат поврзаности и одговорност кај други лица, системот мора да покаже дека нема заштитени.

Правдата не смее да биде ниту селективна, ниту одложена. Таа ќе постои само ако конечно се докаже дека законот важи подеднакво за сите.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top