На прво место

Петрушевски: Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека митото од 2.000 евра за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, било само прва од неколкуте исплати што, според нив, требало да ги добие за местен тендер во Царина, вреден 18 милиони денари.

Пратеникот Бране Петрушевски изјави дека, според информации добиени од свиркачи, Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку Вибер-конверзација.

„Џемо, кој ја застапувал фирмата што го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски подароци за Богац. Само една од траншите што требало да ги добие Богац била во висина од над 110 илјади денари“, истакна Петрушевски.

Тој побара јавноста да добие одговор колку пари требало да добие Богоев за, како што рече, да го намести тендерот за одржување хигиена на граничните премини и терминали.

„Јавноста заслужува одговори. Колку пари требало да добие Богоев, поранешниот директор на Царинската управа, за да го намести овој тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, вреден 18 милиони денари?“, праша Петрушевски.

Тој во изјавата упати и тешки обвинувања кон Спирковски, посочувајќи дека во прилепските кругови, како што рече, добро се знаело кој е Џемо.

„Тепач на свои сограѓани кои не мислат како него, човек кој бил одговорен за поткупување гласачи и главен кадровик и сива еминенција во огранокот на СДС во Прилеп“, рече Петрушевски.

Според него, случајот е уште една потврда дека матрицата на СДС не се менува.

„Од другата страна го имаме несудениот наследник на Зоран Заев, детето на СДММ, кој тргнал по стапките на неговиот ментор. Ако Заев земаше едно евро за брат му, Богац зема илјадници, ама за него. Матрицата на СДС не се менува – криминали, афери, скандали, тендери и провизии. Тоа е вистинското лице на СДС“, порача Петрушевски.

 

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top