На прво место Коментари

36 години ВМРО-ДПМНЕ, 36 години воскресната МАКЕДОНИЈА

Ламбе Арнаудов

17 јуни не е само ден, јубилеј, прослава, тоа е ДЕН за присетување, паметник кој не се брише од умот на МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК.

Овој светол ден ги содржи во себе и сите некогаш неисполнети соништа, ДЕН кој во себе носи пораки, аманети, завети, копнежи претворени во радост заради нивно исполнување.

Овој ДЕН го чествуваме и го славиме, денес сите во нашата дарежлива ТАТКОВИНА која никогаш не ги заборава СВОИТЕ.

Истовремено, се радуваме ние, се радуваат ТИЕ на небесните рајски височини, затоа што се среќни и незаборавени од идните поколенија свои, што ги научиле како се сака, се љуби, се почитува, но и се гине, жртвува и саможртвува за честа и слободата за својот род.

На овој ден 17 јуни, ДЕН што има само вечно ИЗГРЕЈСОНЦЕ што никогаш не заоѓа или стемнува.

Овој е ДЕН за кој не важи КАЛЕНДАР и АСТРОНОМИЈА, овој ДЕН е вчера, денес, утре и во век и векови.

Ова е ДЕН кога се отвораат гробовите со епитаф, но и на сите набележани и незнајни вечни почивалишта на верни чеда на најнапатениот но истовремено и најхрабар НАРОД кој го памти човештвото.

Овој е ДЕН каде што темнината која со векови го попречуваше светлиот и топол зрак на СОНЦЕТО што е ДАР ГОСПОДОВ да ни го осветли патот и ни ја стопли душата, мене и на мојот НАРОД. ДЕН кога конечно беше растерана темнината од силниот, храбриот но мудар ПАТРИОТ МАКЕДОНСКИ  и беше заменета со СВЕТЛИНА што вечно трае и никогаш повеќе нема да згасне.

Ова е ДЕН кога детскиот жагор, орото, песната, прикаските, фолклорот повторно блеснаа со сета своја светлина, убавина и милост во разурнатите домови и напуштените градини, житни полиња, овошни, разграбани стада, природни убавини што се беа сродиле со МАКЕДОНЕЦОТ кој го чувствувал мирисот, дури и ако сакате вкусот на мајката грутка МАКЕДОНСКА и топлите ЕГЕЈСКИ БРАНОВИ што го милувале и дарувале со своите благодети, а сега прогонети, раселени, обесправени, од нашиот ЕГЕЈ и ПИРИН, насекаде низ светот.

Но, ова е и ДЕН кога сите пак сме заедно, живееме во ист такт, размислуваме со иста МИСЛА, дејствуваме мудро, газиме цврсто, праведно постапуваме, никогаш никој во светот не може да каже дека барем една секунда, од искон до денес, сме биле против било кој човек, заедница или народ.

Ние сме благородна ЛОЗА што нé има засадено ДЕСНИЦАТА на ГОСПОД и нашата мисија на овој свет е: “Никогаш да не ги истакнуваме нашите вредности на штета на други, туку сето што го имаме сакаме да го споделиме со целото цивилизирано човештво.“.

Вредности, вредности, вредности, не знаеше која подобра, посилна, помудра, поупотреблива, пописмена, поблагородна, поглобална во светски димензии од другата.

Од срце без пишманење подарена за сите, за секого и за сé, а за возврат ништо да се побара.

НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ, не сме трговци, ниту џамбази, или брокери, сé што имаме, а му треба на светот бесплатно го делиме, ако нив, останатите корисници на нашето подарено ги прави среќни, ние сме уште посреќни, затоа што МАКЕДОНЕЦОТ знае дека:

ТВОЕ Е САМО ОНА ШТО ЌЕ ГО ПОДАРИШ НА ДРУГИТЕ.

Но, конечно ова е и ДЕН кога на сиот свет им кажавме:

НЕ ДАВАМЕ НИШТО ШТО НАМ НИ ПРИПАЃА. ДОЈДЕТЕ НА НАШИОТ ИЗВОР, НАСЛАДУВАЈТЕ СЕ, НО НЕ ГО ИСУШУВАЈТЕ, ЗАТОА ШТО ТОЈ ПРВО ВАС ЌЕ ВЕ ОСТАВИ ЖЕДНИ ЗАСЕКОГАШ. НАШИОТ ИЗВОР Е НЕПРЕСУШЕН ЗА НАС И САМО ЗА ДОБРОНАМЕРНИТЕ.

Да ни е светол, вечен и исполнет нашиот ДЕН 17 ЈУНИ, ДЕН НА ВОСКРЕСНАТАТА МАКЕДОНИЈА, ДЕН НА СПАСОНОСНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВЕЧНИОТ В М Р О – Д П М Н Е !

Најново од: На прво место Коментари

Во ЕУ се отвора прашањето за историската комисија?

Потпретседателката на Бугарија тврди дека во Европскиот парламент се водат консултации за можно отстранување на делот што се однесува на работата на Заедничката историска комисија. Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, откри дека во пресрет на гласањето во Европскиот парламент се водат консултации за евентуални измени на текстовите што се однесуваат на Заедничката историска комисија, формирана […]

Во ТИРЗ Тетово пристигнува нов инвеститор

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека компанијата „Џаво Аутомотив“ ќе инвестира околу 20 милиони евра во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, при што ќе бидат отворени до 412 нови работни места. Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово добива нов инвеститор, откако претходно пропадна еден од најавуваните проекти на тогашната власт предводена од СДС и ДУИ. Премиерот Христијан […]

83 години од масакрот врз 12 македонски младинци во Ваташа

На 16 јуни 1943 година бугарскиот фашистички окупатор стрелаше 12 младинци од Ваташа, а нивната жртва остана вечен симбол на страдањето и отпорот на македонскиот народ На денот на роденденот на цар Борис III, во екот на офанзивата против македонските партизански единици во Тиквешијата, окупаторските сили ги одведоа младинците и ги стрелаа кај месноста Моклиште. […]

СДС и Филипче ја свртеа плочата: од „подготвени за избори“ до бегање од соочување со народот

СДС и Венко Филипче повторно ја свртеа плочата. До пред извесно време уверуваа дека се подготвени за предвремени избори во секој момент, а сега, кога предвремените избори стануваат реална можност, почнуваат да бегаат од соочување со граѓаните. Наместо јасно да кажат дали се подготвени народот да им пресуди, тие ја префрлаат темата на земјоделието. Но […]

СДС открива „скандали“ во фирми што со години добивале тендери и од нивната власт

Обидот на СДС преку прес-конференцијата на Јон Фрчкоски да прикаже наводен скандал околу јавните набавки отвори повеќе прашања за периодот кога токму нивната партија беше на власт. Наместо ново откритие, јавноста слушна список на компании кои со години учествуваат на јавни набавки и добивале договори од институции управувани од функционери на СДС. Јон Фрчкоски, син […]

36 години ВМРО-ДПМНЕ-аманетот продолжува, Македонија вечна!

Од историскиот 17 јуни 1990 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на надежта, државноста и борбата за Македонија. Постојат денови што не припаѓаат само на календарот. Денови што стануваат дел од судбината на еден народ. Денови што остануваат запишани во колективната меморија како пресвртници меѓу минатото и иднината. За многу Македонци, 17 јуни 1990 година […]

Спасен за предавствата: Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор

Спасен за предавствата: Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор Нека запомнат сите тројански коњи, сите домашни слуги и сите што мислат дека народот спие, пишува музичарот Музичарот Спасен Сиљановски со своја анализа зошто и како губи Македонија. Според него додека постои барем еден Македонец што не може да се купи, Македонија […]

Нека ја прочитаат Бугарите „Македонскиот јазол“ – можеби конечно ќе ја разберат вистината за Македонија

Германскиот дипломат Ханс-Лотар Штепан со необјавени архивски документи го потврдува историскиот континуитет на македонскиот народ, јазик и идентитет „The Macedonian Knot – The Identity of the Macedonians, as Revealed in the Development of the Balkan League 1878–1914“ е капитално дело на германскиот дипломат и прв германски амбасадор во независна Македонија, д-р Ханс-Лотар Штепан. Книгата е […]

To top