На прво место Историја

83 години од масакрот врз 12 македонски младинци во Ваташа

На 16 јуни 1943 година бугарскиот фашистички окупатор стрелаше 12 младинци од Ваташа, а нивната жртва остана вечен симбол на страдањето и отпорот на македонскиот народ

На денот на роденденот на цар Борис III, во екот на офанзивата против македонските партизански единици во Тиквешијата, окупаторските сили ги одведоа младинците и ги стрелаа кај месноста Моклиште. Злосторството претставува едно од најмрачните сведоштва за теророт што бил спроведуван врз македонското население за време на Втората светска војна.

Во офанзивата која траела од 7 до 16 јуни 1943 година учествувале три бугарски полка и полициски одреди под команда на полковникот Љубен Апостолов. Покрај младинците од Ваташа, според тогашните извештаи, биле стрелани уште десетици мирни жители од Шивец, Мраморец, Дреново, Грбавец и други тиквешки села.

Во извештајот на Поверенството на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија од септември 1943 година, објавен во весникот на Главниот штаб, се наведува дека окупаторот не успеал да ги уништи партизанските единици и затоа својот бес го насочил кон мирното население. Документот сведочи за палење на куќи, ограбување на селаните, масовни апсења, интернирања и свирепи убиства.

Особено потресен е описот на злосторството во Ваташа, каде што, според извештајот, дванаесетте младинци биле убиени на најбрутален начин. Злосторството предизвикало огромна болка и гнев кај населението, а мајките на убиените момчиња ја изрекле својата позната клетва против окупаторот.

И денес, повеќе од осум децении подоцна, овој настан останува длабоко врежан во меморијата на македонскиот народ. И покрај бројните обиди низ годините да се релативизираат или премолчуваат злосторствата извршени врз Македонците за време на окупацијата, вистината останува запишана во документите, сведоштвата и народното паметење.

Две години по завршувањето на војната, Народниот суд на Народна Република Македонија ги осуди на смрт главните виновници за масакрот – полковникот Љубен Апостолов, капетанот Борис Жеглов, поручникот Костов и Петко Опреков. Новата бугарска влада ги предаде на југословенските власти за да одговараат за извршените злосторства.

На местото каде што беа стрелани младите Ваташани денес се наоѓа Спомен-паркот Ваташа. Во него се засадени дванаесет јавори – симбол на дванаесетте невини жртви чиј живот бил прекинат во најубавите младешки години. Спомен-костурницата беше свечено откриена на 11 октомври 1961 година и останува место на поклонение и сеќавање.

Најново од: На прво место Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

To top