На прво место

Во ЕУ се отвора прашањето за историската комисија?

Потпретседателката на Бугарија тврди дека во Европскиот парламент се водат консултации за можно отстранување на делот што се однесува на работата на Заедничката историска комисија.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, откри дека во пресрет на гласањето во Европскиот парламент се водат консултации за евентуални измени на текстовите што се однесуваат на Заедничката историска комисија, формирана согласно член 12 од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

„Имам сигнал од европратениците дека во последен момент во пленарната сала ќе се обидат да отстранат еден од текстовите што директно се однесува на работата на заедничката комисија според член 12 од Договорот за добрососедство, и со тоа да ја направат нејзината работа и нејзините заклучоци бесмислени во иднина. Колку што знам, во моментов се водат консултации во различните парламентарни групи“, изјави Јотова.

Нејзината изјава доаѓа во време кога прашањата поврзани со историјата и идентитетот повторно се во фокусот на дебатите околу европската интеграција на Македонија.

Предупредувањето на Јотова покажува дека во Софија постои загриженост оти Европскиот парламент би можел да се дистанцира од обидите историските прашања да бидат дел од европскиот пат на Македонија.

Македонија постојано тврди дека билатералните историски спорови не треба да бидат услов за членство во Европската Унија. Отстранувањето на таков текст би можело да се толкува како поддршка на ставот дека идентитетските и историските прашања не смеат да бидат критериум за европски напредок. Тоа би покажало дека во Европскиот парламент постои расположение да не се дозволи историските дебати да доминираат во процесот на проширување на Унијата.

Доколку спорниот текст биде отстранет, тоа би можело да се протолкува како сигнал дека билатералните спорови не треба да бидат услов за напредок кон Европската Унија и дека процесот на проширување треба да се темели на европските критериуми, а не на историски толкувања и комисии.

 

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top