На прво место

СДС и Филипче ја свртеа плочата: од „подготвени за избори“ до бегање од соочување со народот

СДС и Венко Филипче повторно ја свртеа плочата. До пред извесно време уверуваа дека се подготвени за предвремени избори во секој момент, а сега, кога предвремените избори стануваат реална можност, почнуваат да бегаат од соочување со граѓаните.

Наместо јасно да кажат дали се подготвени народот да им пресуди, тие ја префрлаат темата на земјоделието. Но токму земјоделието и сточарството беа оставени на колена за време на нивното владеење. Задоцнети субвенции, долгови, запоставени земјоделци и сточари – тоа е реалното наследство што го оставија СДС и нивните кадри.

Секако дека на земјоделците и сточарите им се потребни поголема поддршка, редовни субвенции и сериозна државна стратегија. Тоа е неопходно ако сакаме домашното производство да опстане и ако сакаме маркетите и месарниците да не се полнат со увезени прехранбени производи со сомнителен квалитет.

Со добра и долгорочна политика во земјоделството и сточарството, Македонија има капацитет не само целосно да ги задоволи домашните потреби од храна, туку и да стане значаен извозник на квалитетни земјоделски и прехранбени производи.

Македонските природни ресурси, плодната почва, поволната клима и долгата традиција во земјоделското производство претставуваат огромна предност која со години не беше доволно искористена. Со навремена поддршка за земјоделците и сточарите, модернизација на производството и поттикнување на органското земјоделство, Македонија може да создава производи со висока додадена вредност и препознатлив квалитет.

Особено поразително е што денес за земјоделството зборуваат истите оние кои зад себе оставија неисплатени субвенции, долгови и разочарани земјоделци. Наспроти таквата политика, со ВМРО-ДПМНЕ обврските кон земјоделците редовно се сервисираат, а статистичките показатели веќе покажуваат раст на производството во повеќе земјоделски гранки, што претставува најдобра потврда дека земјоделството повторно се враќа на вистинскиот пат.

Наместо да зависиме од увоз на храна, Македонија може да стане земја која произведува доволно за сопствените потреби и извезува квалитетни производи, создавајќи нови приходи за земјоделците, отворајќи нови работни места и придонесувајќи за развој на целокупната економија.

Но лицемерно е токму СДС да зборува за земјоделците, кога во нивно време парите не стигнуваа до оние што ја хранат државата. Денес, кога се отвора прашањето за избори, одеднаш се сетија на земјоделието.

Вистината е едноставна: СДС и Филипче се плашат од предвремени избори. Затоа бегаат од темата, затоа измислуваат изговори и затоа се обидуваат да го свртат вниманието од стравот од народната казна.

Најново од: На прво место

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане со политичките претстави и да одговори за Алта банка

Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

To top