На прво место

Одбележани 139 години од раѓањето на Гоце Делчев

goce-delcev-odbelezuvanje-1

goce-delcev-odbelezuvanje-1

Со панихида и со положување цвеќе пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележа 139-годишнината од неговото раѓање. Литургијата ја водеше протоереј Драги Костадиновски од Скопската епархија.

На гробот на Делчев цвеќе положија премиерот Никола Груевски, придружуван од вицепремиерите Васко Наумовски и Абдилаќим Адеми и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, делегации од кабинетите на претседателот на државата и и на Собранието на Република Македонија, делегација на АРМ, како и претставници на повеќе политички партии, општини, институции и здруженија.

Цвеќе положија и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, делегација од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, од МАНУ, Сојузот на борци-Главен одбор, македонските иселеници…

По повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во организација на Меѓународната манифестација „Гоцеви Денови“, настапи хорско-музичкиот ансамбл „Борец“ од Скопје. Ансамблот ќе настапи и пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“. Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, Делчево, Струмица и пред неговата биста во село Подгорци.

Историчарот Михајло Миноски по панихидата изјави дека за современата македонска историја нема поголема личност од Гоце Делчев, водечка фигура на македонската револуционерна организација. – Без Гоце Делчев не ќе го имавме Илинденското востание, а тоа е темелот на македонската државност, рече Миноски.

Тој изрази задоволство од се помасовното присуство на граѓаните и за тоа што покрај делагации од државата, има делегации и поединци и од соседните земји. – Тоа значи дека овој ден прераснува во национален празник, кој ги обединува сите Македонци, во државата и надвор од неа, рече Миноски и додаде дека треба да се цени големината на празникот и тој поинаку да се организира. Односно, како што посочи, да има една државна делегација, со што ќе му се даде многу поголемо значење и без делегации на политички партии.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top