На прво место

Премиерот Груевски го поздрави формирањето на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парлам

gruevski_ohrid_1-1

gruevski_ohrid_1-1Премиерот Никола Груевски изрази задоволство од формирањето на групата „Пријатели на Македонија“, формирана во Европскиот парламент, од значајна бројка на европарламентарци, главно од десницата, односно од Европската народна партија, чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ, но и од членови од други политички партии во Европарламентот.

– Групата „Пријатели на Македонија“ е проект на кој како Влада подолг период работевме, го подготвуваме и преговаравме со луѓето. Тоа се во основа наши пријатели. Задоволен сум, бидејќи на првиот состанок тие повикаа за брзо и неодложно започнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија. Тоа значи дека препознаена е работата на сите институции во државата, препознаен е напредокот и валориризан е трудот што го дадоа сите граѓани на Македонија за земјата да се приближи нанапред, изјави Груевски денеска во Охрид.

Премиерот попладнево во Охрид ќе присуствуа на седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, откако присуствуваше во обиколката на охридскиот аеродром каде работите ги презема концесионерот „ТАВ“ и ги пушти во употреба локалниот пат од село Оровник до манастирот „Света Недела“, обиколницата во Охрид, а предаде во употреба и зграда со социјални станови.

Во изјава за медиумите во врска со настаните на скопското Кале, премиерот Груевски го повтори ставот дека нема да дозволи случајот да биде искористен од некои политички партии за сопствени, политички или лични интереси и оти треба да се остават надлежните институции да си ја завршат својата работа.

– Како политичар и како премиер нема да дозволам некои заинтересирани страни ваквите настани да ги користат за сопствени, политички и лични интереси, или пак да ги креираат во сопствени, лични или политички интереси и да создаваат тензии меѓу луѓето. Ниту пак ќе дозволам некој да стопира или да руши објекти кои што се заштитено културно наследство во Република Македонија. Сметам дека институциите треба да си ја завршат својата работа, секоја согласно сопствените ингеренции, рече Груевски.

Тој упати повик и до одредени политичари за, како што вели да не ја користат приликата за собирање гласови, ширејќи верска и етничка омраза, посочувајќи на Имер Селмани. Груевски повика на разум и дијалог за решавање на работите и подвлече дека со коалицискиот партнер имаат комуникација и дека ќе го решат овој проблем, како и многу други досега низ дијалог.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top