На прво место

Православните верници го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин

sv_trifun-valentain

sv_trifun-valentainПравославните верници денеска го прославуваат Св. Трифун – заштитникот на лозјата и овошките. Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.

На овој ден се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат се уште незапупените гранчиња со што се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.

По тој повод претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ја посети винаријата „Визба“ во Валандово и на плантажата „Пирава“ ќе учествува во симболичното закројување на виновата лоза и одбележувањето на Денот на лозарите и винарите. Претседателот Иванов ќе биде придружуван од претставници на дипломатскиот кор, а на настанот ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески ќе ја посети општина Неготино. Предвидено е Ставрески да го посети Саемот на вино и да учествува во закројувањето лозје на Градскиот плоштад во Неготино.

Министерот за економија Фатмир Бесими во Демир Капија ќе присуствува на прославата на денот на лозарите и винарите. Во Домот на културата министерот Бесими ќе присуствува на доделувањето признанија на поединци и институции за посебни заслуги за развој на лозарството и винарството.

На овој ден, пак, католичките верници го слават Св. Валентин – Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас. Вљубените си разменуваат љубовни пораки, си подаруваат цвеќе, чоколади, кадифени мечиња и подароци во облик на срце, а излозите на продавниците се украсени со најразлични подароци во црвена боја.

По повод празниците Св. Трифун и Св. Валентин денеска општина Центар организира настан  „Опиени од љубов, музика и вино“. Во Кавадарци пак ќе биде отворена изложба на ракотворби, фотографии и постери со мотиви од Св, Трифун.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top