На прво место

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по историја

nrb

Ноември 1947 г.

nrbИзработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во посебни услови. Поради тоа се допуштени сфаќања карактеристични за великобугарскиот шовинизам. Во други случаеви извесни прашања не се доволно целосно разјаснети. Таа околност дава можност таквите места да скриваат опасност од двосмислено, многупати, шовинистичко толкување. За да се исправат допуштените грешки и да се избегне секоја можност за толкување или заклучоци во духот на великобугарскиот шовинизам, учителите по историја треба во нивната работа во своите оделенија да ги извршат следниве исправки:

I. Во учебникот по историја за III клас

Стр. 40 и 41 – Самуиловата словенска држава не треба да се преставува како Западнобугарско царство. Таа се појавува врз земји кои навистина влегувале во деловите на Бугарија, но по својот етнички облик биле чисто словенски. Да се објасни дека Самуиловата држава е типична феудална формација, во која нема и неможе да има каква било национална свест. Самуиоловата држава е пред се држава на македонските Словени.

II. Во учебникот по историја за VII клас

1. стр. 34 – Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија на чело со кнезот Пребонд, треба да се истакне како прв обид на македонските Словени за создавање на своја државна организација.

2. Стр. 65 – Климент и Наум да се истакнат како јужнословенски просветители и писатели.

3. Стр. 209 и 219 – Браќата МИладиновци, како и другите македонски учители и писатели, не треба да бидат третирани како преставници на бугарската просвета.                Во времето на Преродбата, заедничките интереси на Бугарите и Македонците ја обусловуваат и нивната заедничка борба, насочена кон заедничкиот непријател – фанариотите. Затоа едни исти книги и весници служат како идеен израз на борбата што ја водат браќата Бугари и Македонци.

4. Стр. 296 – 297 – Текстот даден под наслов Национално движење во Бугарија треба да се појасни во смисла дека македонското движење за ослободување на Македонија, не било оформено и организирано движење, туку појава на симапатии од страна на прогресивните средини во Бугарија спрема поробените Македонци…

АМ. – Фонд. Министерство за просвета на НРМ, 1947 г.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top