На прво место

Македонците од Егејска Македонија на Париската мировна конференција

Council_of_Four_Versailles

Остварувањето на националните права на Македонците од Егејска Македонија на Париската мировна конференција

Council_of_Four_Versailles

Посебно сериозен проблем на Париската мировна конференција претставуваше прашањето околу територијалните разграничувања меѓу Југославија и Грција односно Македонија, околу националните права на македонскиот народ во Егејска Македонија. Во разрешувањето на прашањето во југословенско-грчките територијални разграничувања постоеше очигледна подвоеност меѓу претставниците на 21 влада на оваа конференција, кои ги застапуваа интересите на едната или на другата страна. Така, претставниците на западнито капиталистички свет на чело со САД, Велика Британија и Франција настојуваа да ги решат грчко-југословенските разграничувања во полза на Грција, а источните социјалистички земји, предводени од Советскиот Сојуз, се застапуваа за правилно разрешување на овој проблем, тргнувајќи од начелото на етничкиот состав на населението. Но, и покрај тоа што еворпските социјалистички земји, вклучително и Југославија, настојуваа да создадат една рамнотежа и се застапуваа за објективно разгледување на спорните проблеми и донесување на соодветни праведни одлуки, сепак, може слободно да се истакне дека западниот капиталистички свет, со својата поагресивна политика имаше значително поголемо влијание врз самиот тек и начин на работа на Париската конференција, а особено во наметнување на нивната волја и стремежи при донесувањето на конкретни решенија. За илустрација и поткрепа на таквото наше гледиште, ќе наведеме дека од страна на австралиската влада беше поднесен т.н. “австралиски предлог”, според кој се предлагаше најчувствителните спорни прашања, во кои спаѓаа и југословенско-грчките и југословенско-италијанските разграничувања, да ги решава една “поткомисија” составена од осум претставници на четирите големи сили – САД, Франција, Англија и СССР Direction… Recueil… Livre VI, Le releve des decision de la dix-septieme seanse est adopte. “La Commission adopte alors a 1 unanimite une proposition australienne tendant a aetablir une Sous-Commission de huit membre composee des representation des quatres piussances””. Слабоста на овој австралиски предлог се состоеште токму во тоа што се предимензионираше местото, улогата и значењето на четирите големи сили на штета на другите 17 земји – учеснички на конференцијата, кои фактички беа ставени во подредена второстепена улога.>

Од самата Париска мировна конференција има доста голем број објавени и необјавени документи кои интегрално или парцијално се поврзани со Македонија и со националните права на македонскиот народ. Од нив посебно внимание заслужуваат меморандумите и телеграмите поднесени од страна на Македонците од Егејска Македонија на Париската мировна конференција.<> Освен тоа, се даваат стриктни податоци за состојбата на убиените, ранетите, интернираните Македонци и опожарените населби во некои села и градови во Егејска Македонија. За излезот од ваквата хаотична состојба во Северна Грција, потписниците на овој меморандум – пребегани Македонци, бараа од Анкетната комисија на Париската мировна конференција и од Организацијата на ОН да се преземат соодветни мерки. Телеграмите поднесени во рамките на овој меморандум се испратени од Конференцијата на пребеганите Македонци од Егејска Македонија што се одржа на 17 март 1947 година во Прилеп. Во меморандумот покрај другото, се истакнува следново: “Ние пребеганите од Егејска Македонија… најенергично протестираме против бруталните криминали извршени од монархофашистичките банди на Зервас, Политис, ЕДЕС, бурандарите против демократското население”.<Според “Л Хуманите” орган на КП на Франција од 28 август 1946 година во Егејска Македонија се убиени 570 Македонци, а 1266 се депортирани и се повикува врз основа на в. “Ризоспастис” – орган на КПГ. . L. Humanite 28 aout 1946 “570 assassinat, 1266 deportations – bilance tragique de la dictature de Tsaldaris (d apres l organ xommuniste grec “Risospastis”. >

* * *

На Париската мировна конференција е разгледувано прашањето за остварување на националните права на македонскиот народ од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, но не како одделен проблем, туку во склопот на југословенско-грчките и југословенско-бугарските територијални разграничувања.

Во рамките на југословенско-бугарските територијални разграничувања на самата конференција проблемот на Македонија е разгледуван од повеќе аспекти и тоа. 1) прашањето на националните права на македонскиот народ од пиринскиот дел на Македонија како посебен национален проблем, а не во склопот на територијалните разграничувања, 2) прашањето на југословенско-бугарските територијални разграничувања засновани врз етничкиот состав на населението. Според официјални извори од големите сили, непосредно по Конференцијата во 1947 година преку 75% од населението во Пиринска Македонија се декларирале како Македонци. Од Македонија како член на југословенскаа делегација на Париската мировна конференција е Димитар Влахов, а Благоја Хаџипанзов како советник. За време на одржувањето на Париската мировна конференција и непосредно по неа сред југословенско-бугарското државно-партиско раководство се застапуваше гледиштето и се работеше на припојување на Пиринска кон Вардарска Македонија (НРМ), како и на создавање на југословенско-бугарска, па дури и Балканска федерација во која требаше да влезе и Албанија како несловенска земја.

Што се однесува до Егејска Македонија, југословенското раководство, а посебно Едвард Кардељ како шеф на сите меѓународни договори и преговори на тогашна Југославија, не покажа активност да го постави, а камо ли да се застапува за обединување на македонскиот народ. Тоа што Моша Пијаде го покрена прашањето за положбата на Македонците во Егејска и Пиринска Македонија повеќе е резултат на неговата самоиницијативност, отколку на генералниот став на југословенската делегација. Покрај Моша Пијаде, заслужува внимание да се истакне застапувањето на Мануилски од Украина за заштитата и остварувањето на македонските национални права во Егејска Македонија, при што го осуди теророт од грчките власти над македонското население во Грција. Југословенското раководство и на Париската мировна конференција и потоа не само што не го постави македонското национално прашање, туку и во годините што следеа избегнуваше воопшто да го иницира и поставува се’ со цел да не се нарушат добрите југословенски односи српско-грчки односи. Настаните што уследија по Конференцијата, а посебно по сплетот на меѓународните околности со Резолуцијата на Информбирото од јуи 1948 година и потоа, мошне негативно се одразија во остварувањето на македонските национални права и обединувањето на Македонците во една самостојна македонска дражва.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top