На прво место

Духовноста и делото на првоучителот Св. Климент Охридски

Климент Охридски, роден 840 година е најистакнатиот ученик на Кирил и Методиј, кој доследен на своите учители, го продолжил со успех нивното дело.

Дваесетина години во Велика Моравија им помагал на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. По смртта на Свети Кирил во Рим, Свети Климент заедно со Свети Методиј се вратил во Моравија, каде му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба.

По смртта на Св. Методиј, неговите ученици биле жестоко мачени, потоа протерани дошле во Бугарија, од каде што биле испратени во Охрид.

Климент Охридски е запаметен како основоположник на словенската писменост и култура во Македонија, но и основач на првиот словенски универзитет во Охрид. Тој е првиот словенски писател за кого постојат непобитни докази.

Неговото дело во ширењето на словенската писменост е несомнено значајно.

Во Македонија, особено околу Охридското и Преспанското Езеро, тој изградил многу училишта, цркви и манастири, од коишто некои постојат и до ден денес.

Како основоположник на писменоста на македонскиот народ, Климент Охридски ја продолжил својата дејност и во Охридската книжевна школа, позната како „Прв словенски Универзитет“ која доследно го чувала делото на Кирил и Методиј.

Во словенскиот Универзитет тој оспособил повеќе од 3.500 ученици за црковна богослужба. Паралелно со црковната и педагошката, тој се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Неговите богати книжевни дела и денес предизвикуваат восхит.

Нему му се припишуваат опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници (Рождество Христово, за Велигден, за Зачатието на Пресвета Богородица, за Благовештението на Пресвета Богородица, пофални слова за други празници на голем број апостоли и маченици.

Делото на основоположникот на македонската писменост, останува и натаму да говори за културата и писменоста на македонскиот народ, преку неговиот споменик во Скопје, дело на академик Томе Серафимовски.

Споменикот на Св. Климент Охридски, македонскиот светец и еден од учениците на Св. Кирил и Методиј е поставен во близина на Соборниот храм, на булеварот кој го носи неговото име.

За академик Серафимовски, кој е вљубеник во македонската духовност, односно во суштината и битието на создавањето на нашата духовност од средновековието, па се до ден денес, споменикот е поставен на едно прекрасно место, со умерена димензија која соодвествува на делото, но и на личноста на Св. Климент Охридски.

– Јас сакав да ви појаснам баш за Св.Климент, кој е во Скопје. Тој можеби во неговиот портрет е сличен на оној Св. Климент во Охрид, но јас композициски го решавав сосема поинаку. Тој во Охрид во левата рака, во својата пазува го држи стариот дел на градот и ги благословува сите дојденци во Охрид, додека овој во Скопје, тој е една сосема друга идеја и една друга концепција. Тука Св. Климент во левата рака ја држи Библијата, еден од преведувачите на Светото писмо, а со десната рака ја благословува Библијата и сите намерници кои ќе дојдат до тој споменик и кои ќе дојдат во Скопје, посебно оние кои минувајќи покрај неговиот споменик влегуваат во нашиот централен црковен храм кој го носи неговото име, истакнува академик Серафимовски.

Овој голем македонски светец, заслужен за македонската писменост, воедно е и заштитник на градот Охрид, како и на целиот охридски крај.

Св. Климент Охридски умрел во 916-та година, а бил погребан во гробот кој самиот си го подготвил во црквата „Св. Пантелејмон“ во Охрид.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top