На прво место

Велигденска порака на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов

kiro_stojanov

kiro_stojanovБискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов на велигденската воскресна литургија што се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ја прочита велигденската порака.

– Драги браќа и сестри – врв на црковната година е прославата на Воскресното  таинство на нашиот Господ Исус Христос. За нас верниците секој празник, а особено Велигденските празници не се само сеќавање, туку секогаш и повторно настани на спасението. Она што во знаци го славиме, она на што се сеќаваме, тоа по неизмерната Божја милост во нас и со нас се случува, ако во тоа таинство влегуваме со силата на верата и понесени со милоста на Божјиот Дух.

Grobot_na_Isus_Hristos-_23.11.2011_27

Во одајата на Последната вечера, Исус ни покажа пример и остави најголем залог на спасението. На учениците им ги изми нозете и им заповеда: ако тој како Учител и Господ тоа им го прави ним, и тие се должни тој чин на љубов и понизност да го прават еден на друг. Со тоа ни покажа, а и го навести темелниот закон на христијанството, а тоа е љубовта кон ближниот. Во таа одаја одѕвони единствената заповед на Новиот завет и тоа токму на Последната вечера: „да се љубите еден со друг, како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици“ (Ив 13,34-35). Нашиот Господ за сите времиња ја одреди „методологијата“ на евангелизацијата, а тоа е дека знак на препознавање меѓу христијаните е љубовта.

Синот Човечки не дојде да му се служи, туку Тој да служи. Значи, прво е љубовта според мерката Исусова, а второ е начинот на љубовта, а тоа е начинот на служењето, а не управувањето или господарењето. И трет знак ни остави, што всушност е и најголемиот дар – тоа е Евхаристијата. Во дарот на Евхаристијата „го оплени и своето човештво“ и се предаде како леб на животот и чаша благословена – тело и крв – како храна за живот вечен. Така го даде и третиот елемент на евангелизацијата, а тоа е Неговото темелно определување за скромност и понизност. Дојде заради грешните, дојде да ги спасува потребните, се обрати кон малите, потребните и грешните и за нив го даде животот, ги повика во пријателско заедништво и ги приклучи кон своето сопствено тело и крв. Нашата вера, всушност, е навестување упатено до човекот дека не е заборавен, дека не е изгубен и не е оставен, туку е спасен.

Браќа и сестри, треба ли да се докажува колку денес луѓето околу нас и ние самите во времето на глобализацијата и новата колонизација, во време на индивидуализам и егоизам се чувствуваме  напуштени, занемарени и изгубени. Во тоа – досега во историјата најтешко отуѓување – кога постои опасност од кршење на оваа цивилизација, силно се крева гласот на Црквата, што со силата на Исус Христос и во Негово име на човекот му се препорачува спасителна вистина: Човече, не си заборавен, не си оставен, не си изгубен, туку си спасен! Твоето спасение е во љубовта, во служењето и во напојувањето на изворот на срцето кое е Божјо, а присутно е во човекот.

Евангелизацијата е одговор уверлив и моќен, како Исусов, загарантиран со крвта и животот: денес ќе бидеш со Мене во рајот. Тоа не е празна утеха, тоа е ветување кое е докажано со жртвување на животот. Тоа е задача на Црквата, простувањето и така да го лекува човештвото, да се љуби и така да се помогне на човекот и да не се дават евтини ветувања, туку да се помогне на секој човек да го најде патот кон вечниот живот.

Велигден е прослава по долгиот пат на барање и молитви, пост и покора, да ни се додели тој дар на верата. И покрај тоа, годинашниот Велигден треба да биде во знакот на  проживеаната и доживеана вера. Современиот свет толку е „затрупан“ со спознанија и информации, што во шумата на поими тешко ги распознава, а особено сознавањето на  вистината. Изобилието на зборови и идеи ја гушат нашата душа за да може правилно да се ориентира во вредностите кои и се нудат. Треба да се спаси слободата на душата. За жал, телото ни е често заробено, психата заведена, но душата мора да остане слободна за да може да верува. Кој не го сретнал Христос Воскреснатиот, не може да го навестува, зашто верата се покажува, а не се докажува.

Драги верници, браќа и сестри, со оваа воскресна порака, сакав заедно со вас да ги споделам и товарот и радоста, и таинството и надежта која ни ја носи славењето на Христовото пасхално таинство. И на крајот, што друго, туку на сите вас – драги свештеници, монаси и монахињи, драги верници – да ви посакам средба со Воскреснатиот. Нека Тој, Воскреснатиот ве посети и увери дека е со нас во сите денови до свршетокот на светот. Со тие мисли, нека ви е среќен и благословен големиот христијански празник Велигден. Христос Воскресе – Навистина Воскресе!, се вели во велигденската порака на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top